Не закопувале богатства, немале папагали и уште 11 факти за пиратите

На самиот почеток треба да се забележи разликата помеѓу пират и гусар. Гусарите биле крадци кои ги напаѓале другите бродови, но само со дозвола на кралевите и за нивната благосостојба. Од друга страна, пиратите знаеле за само еден закон - нивниот закон, и напаѓале само за сопствена благосостојба и богатство. 

Nekolku interesni fakti za piratite za koi ne ste slusnale 01

Во историјата се спомнуваат многу гусари: Сер Френсис Дрејк и Сер Хенри Морган, но познати биле и пиратите како: Blackbeard, Лонг Џон Силвер, Ен Бони, Капетан Пач…

Но, дали пиратскиот живот навистина бил онаков каков го замислуваме?

Неколку интересни факти за пиратите:

- Пиратите го фатиле Гај Јулиј Цезар и го држеле како заложник 38 дена. За него барале 20 таленти злато, (талент е тогашната мерна единица). Цезар им се насмеал и им кажал да бараат 50 таленти. Подоцна наредил сите пирати што го фатиле да бидат распнати на крстови.

- Повеќето работи што ги знаеме за пиратите доаѓаат од книгата „Општа историја на грабежи и убиства на најозлогласените пирати“ од 1724 година, напишана и објавена од капетан Чарлс Џонсон во Англија. Бидејќи ова било псевдоним, вистинскиот автор никогаш не е откриен.

- Во 1800-тите, САД одвојвуале околу 20% од државниот буџет за да им платат на пиратите да не ги напаѓаат нивните бродови.

- Приказните за пиратите што го закопуваат своето злато се само митови. Ретко кој го правел ова.

Nekolku interesni fakti za piratite za koi ne ste slusnale 03

- Пиратите имале многу кратка кариера. Дури и најпознатите во светот, како Blackbeard или Робертс, успеале да владеат со морето само неколку години.

- Вилијам Дампиер (1651-1715) е пират кој ги запишувал сите географски и природни детали во својот дневник. Неговите записи биле толку богати со детали, што неколку векови подоцна му служеле како основа на Чарлс Дарвин во неговите патувања.

- Пиратските знамиња не биле секогаш црни со череп и коски. На пример, на знамето на Blackbeard бил претставен цел скелет и крваво срце. Знамето од кое сите најмногу се плашеле било „Bloody Red“ знаме, под кое пишувало „no quarter“, што значи дека ничиј живот нема да биде поштеден.

- Пиратите ретко краделе „богатство“ (злато, скапоцени камења). Поголемиот дел од пленот биле храна, вода, алкохол, оружје, облека и луѓе.

- Само двајца пирати се познати по своите дрвени нозе: Франсоа Ле Клерк и Корнелис Корнелизон Џол.

Nekolku interesni fakti za piratite za koi ne ste slusnale 02

- Не постои историски запис дека некој пират имал папагал како милениче.

- Повеќето пиратски посади имале кодекс на однесување кој сите членови морале да го потпишат. Овие правила опфаќале казна за лажење, кражба или меѓусебна борба на бродот (борбата на брегот била дозволена).

- Карибите биле идеално место за пиратите, тука речиси немало закони, а имало и многу ненаселени острови на кои се криеле.

- Иако ретко, но и жените биле пирати, а најпознати се Ен Бони и Мери Рид.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg