Сексуални напади, лош темперамент: 6 мрачни тајни за холивудскиот могул Харви Вајнштајн
Харви го бранеше Роман Полански по силувањето на дете, врвните холивудски актерки како Анџелина Џоли го обвинија за сексуално искористување и протестираа против него на Златни Глобуси 2018.

Харви Вајнштајн е врвен филмски продуцент. Зад себе има повеќе од 100 филмови, низа од најзначајните филмски награди и милиони и милиони долари за себе и своите инвеститори.
Низ разни земји во светот му е оддавана почест за неговиот придонес во развојот на филмската индустрија.
Активист е во низа хуманитарни организации, но всушност има многу мрачен карактер, а за тоа сведочеа многу холивудски дами.
Харви всушност прави парада за јавност, а е вистински сексуален предатор и човек со ужасен карактер.
Факти за Харви Вајнштајн:
Тој сексуално напаѓа жени во текот на низа децении, а меѓу оние кои го обвинија се Гвинет Палтроу и Анџелина Џоли. Тој ја користел својата моќ за да ги уценува актерките со секс. Секој ден излегуваат нови сведоштва за него, а тој доби отказ од работа поради ова. Многу години им плаќал на разни жени за да молчат за секусалните напади што ги извршил врз нив.


Работењето со него е тешко, дури и кога не сте жена. Сака да биде главен и ја форсира својата визија како треба да изгледа филмот. Режисерите мора да се строги и со ширум отворени очи кога работат со него.

Има легендарен темперамент и неретко има испади во јавност - од исфрлање на новинари од забава до безобразно врескање пред сите. Неговиот бес толку кулминираше што беше испратен на часови за справување со бес.

Во 1977 француско-полскиот режисер и продуцент Роман Полански беше уапсен и обвинет за сексуален напад на 13-годишно девојче и потоа како дел од спогодбата беше осуден само на условна казна, но со откривање на понатамошни детали од инцидентот судијата сакаше да го осуди и на 50 години затвор, Роман избега од САД во Франција каде нема политика на екстрадиција. Харви тогаш застана во одбрана на Роман, без разлика што тој е силувач на дете.

Познатите дами протестираа против Харви Вајнштајн носејќи црни фустани на настанот Златни Глобуси 2018.

Против него се одвиваат судски процеси.

