Од мал се облекувал како принцеза: Кој е Билал Хасани, евровизискиот претставник на Франција?

Се облекува како жена, носи перики и шминка, јавно ја признал хомосексуалноста, за што добивал закани по живот, пее од мал, а оваа година ја претставуваше Франција на Евровизија – кој е Билал Хасани?

od-mal-se-oblekuval-kako-princeza-zakani-po-zhivot-koj-e-bilal-hasani-evroviziskiot-pretstavnik-na-francija-01.jpg

На Евровизија сме виделе секакви учесници и веќе ништо не нè чуди заради изместените стандарди кои постојано ги промовира, но оваа година повторно внимание привлече францускиот претставник Билал Хасани, кој беше облечен како жена.

Тој се претстави со песната Roi и имаше одличен настап, а заврши на 14-то место со вкупно освоени 105 поени.

Многумина не можат да се помират со неговиот изглед, но тој вели дека уште од мал сакал да се маскира во принцези.

Иако не се облекува отсекогаш како жена, во последниве години сака да се изрази себеси преку стилот.

Кој е всушност Билал Хасани и што знаеме за овогодинешниот претставник на Франција?

1. Роден е во Париз на 9-ти септември 1999-та и има 19 години, а семејството му потекнува од Мароко.

od-mal-se-oblekuval-kako-princeza-zakani-po-zhivot-koj-e-bilal-hasani-evroviziskiot-pretstavnik-na-francija-03.jpg

2. Почнал да пее за семејството дома уште на 5 години, а веднаш потоа почнал да зема часови по пеење.

3. Уште кога имал 6 години, сакал да се маскира во принцеза и носел фустани од тоалет хартија, а сега желбата да носи гламурозни, вистински фустани му се остварила.

4. Во 2015-та неговиот пријател го натерал да се пријави во музичкото шоу The Voice Kid, каде се претставил со „Rise Like a Phoenix“, евровизиската песна на Кончита Вурст, која наводно му била идол.

5. Во 2017-та, Билал јавно ја признал неговата хомосексуалност на геј парада во Париз, а потоа почнал да добива многу закани по живот и бил мета на напади од хомофоби.

od-mal-se-oblekuval-kako-princeza-zakani-po-zhivot-koj-e-bilal-hasani-evroviziskiot-pretstavnik-na-francija-04.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg