„Денес сите имаат мобилни телефони - но, многумина немаат кај кого да се јават“ - Најубавите цитати на Момо Капор

Момчило Момо Капор е еден од најпознатите српски писатели и уметници. Роден е на 8 април, 1937 година, во Сараево, град за кој го врзувале многу лоши спомени.

Sakale ili ne mozeme da kazeme deka ziveeme vo vreme na kriza na ideologija 01

Имено, за време на бомбардирањето на Сараево, во Втора светска војна, тој се криел во стара турска куќа, заедно со неговата мајка и баба.

Бомбата паднала директно на куќата, а Момо бил единствениот што успеал да преживее, само затоа што неговата мајка го заштитила со своето тело.

Самиот кажувал дека има напишано стотици страници за да успее да се ослободи од овој кошмар, но сите обиди биле неуспешни.

Ова се некои од најубавите цитати на големиот боем, Момо Капор:

„Да живеат нормалните бакнежи, на чело со бакнеж во чело!“

„Генерално, мислам дека најчудните луѓе изгледаат многу конвенционално, многу стандардно. Бидејќи човек, кој е навистина чуден одвнатре, кој е во длабоко несогласување со светот кој не го прифаќа и разбира, не чувствува потреба да ја украсува својата надворешност за да привлече внимание.

Напротив! Тој сака да се скрие.

На пример, постои ли некој повеќе чуден од Кафка, кој, речиси, цел живот работел во осигурителна компанија во Прага, не разликувајќи се од другите службеници?“

„Можеби среќата значи да престанеме да ја бараме? Да стигнеме до животот, пред лекарите да ни забранат да пушиме, да пиеме, да јадеме, да се сончаме и да водиме љубов?“

Sakale ili ne mozeme da kazeme deka ziveeme vo vreme na kriza na ideologija 02

„Денес секој има мобилен телефон, но многумина немаат кај кого да се јават.“

„Потешката и од цивилната и од верската војна е онаа која ја водиме самите со себе.“

„Нештата не вредат колку што е нивната цена, туку колку што сме вложиле во љубов кон нив.“

„Светот е денес премногу слоевит за да може да се опфати или објасни со само една идеологија, без оглед колку е напредна, авангардна и спасителна…

Сакале ние или не, можеме да кажеме дека живееме во време на криза на идеологија“.

Sakale ili ne mozeme da kazeme deka ziveeme vo vreme na kriza na ideologija 03

„Се бара една недела, без вести за несреќи и војни! Се бараат пријатели, дури и ако се истрошени, сите оние кои ги нема, изгубени, венчани, иселени.

Се бараат сите оние кои нè разнесувале дел по дел: дел од нашето време, нашата љубов, се бараат да ја вратат љубовта.“

„Нова година е за аматери, за оние кои никогаш не остануваат по полноќ во кафулињата.“

„Не треба да се плашиме од осаменост. Таа е благородна, таа е дел од нашиот живот, исто како и собирањето. Но не може секој да ја издржи!

Таа не е за слабите, кои постојано мора да бидат опкружени со други луѓе за да заборават колку се слаби. И не може секој од својата самотија да обликува бисер, како школка, за да го подари на другата личност.

Бидејќи е познато: не секоја школка создава бисер.“

Ашера| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg