Порано луѓето си ги испраќале децата по пошта, Меган и Хари се далечни роднини – Чудни факти за светот

Благодарение на интернетот, можеме да видиме и да прочитаме многу работи. Сепак, ова не значи дека веќе знаете сè што има да се знае.

nekolku-neverojatni-fakti-shto-povekjeto-lugje-ne-gi-znaat-01.jpg

Овие факти се навистина чудни и некои од нив не ни звучат реално, а повеќето луѓе воопшто немаат слушнато за нив.

Меган Маркл и принцот Хари се многу далечни роднини

Војводата и војвотката од Сасекс имаат заеднички предок од пред 15 генерации.

Жиците за музичките инструменти биле правени од животни

Жиците на музичките инструменти во минатото биле правени од црева од животни, најчесто од овца или јагне. Денес жиците се прават од метал.

Во минатото постоеле машки веренички прстени

Рекламите ги тераат луѓето да прават секакви нешта, а овде спаѓа и запросувањето со дијамантски прстен. Но во 1926-та година златарите се обиделе да ја продадат идејата за машки вернички прстен.

nekolku-neverojatni-fakti-shto-povekjeto-lugje-ne-gi-znaat-02.jpg

Кралицата Елизабета води евиденција за секоја модна комбинација што ја носи

Постојат гласини дека кралицата Елизабета никогаш не ја носи истата шапка два пати. Доколку сепак сака да износи „стара“ шапка, чека неколку години пред да ја стави втор пат.

40% од работните места во иднина можат да бидат заменети со вештачка интелигенција

За околу 20 години, иднината ќе изгледа многу поразлично од денес. Наводно, дури 40% од денешните работни места ќе бидат заменети со исто способни роботи, а возачите најмногу ќе го почувствуваат ова.

Дизниленд има подземен систем со тунели

За овој забавен парк постојат секакви гласини, но подземниот систем со тунели е вистина. Тунелите се направени за вработените кои треба да отидат од едно на друго место, без да ја уништат магијата во паркот.

nekolku-neverojatni-fakti-shto-povekjeto-lugje-ne-gi-znaat-03.jpg

Телото губи околу 8% од течностите за време на лет

Додека летате со авион, вашето тело може да изгуби 8% од водата бидејќи влажноста во авионот може да биде намалена и до 10%.

Дрвјата можат да комуницираат

Корените на дрвјата се поврзани со подземна мрежа од габи што им овозможува да споделуваат ресурси. На овој начин дрвата „разговараат“ и си пренесуваат хранливи материи преку габите.

Најдолгиот човечки врат е 17 центиметри

Најдолгиот врат во светот ѝ припаѓа на жена од племето Падаунг во Тајланд. Во племето постои традиција каде што на жените им се ставаат златни прстени на вратот уште од 5-годишна возраст, а со стареењето се додаваат и други прстени.

nekolku-neverojatni-fakti-shto-povekjeto-lugje-ne-gi-znaat-04.jpg

Елвис Присли не ја напишал Blue Suede Shoes

Познатата песна е всушност дело на Карл Перкинс кој продал 2 милиони копии од неа пред преработката на Елвис.

Најдолгото држење воздух под вода е 24 минути и 3 секунди

Овој рекорд му припаѓа на Алеикс Сегура Вендрел и го поставил во 2016-та година.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава