Порано луѓето си ги испраќале децата по пошта, Меган и Хари се далечни роднини – Чудни факти за светот

Постои новела со 50.000 зборови, што не ја содржат буквата Е

Новелата Gadsby е дело на авторот Ернес Винсент Рајт и е напишана во 1939-та година.

nekolku-neverojatni-fakti-shto-povekjeto-lugje-ne-gi-znaat-05.jpg

Пред 1920-та, некои луѓе испраќале деца по пошта

Причината за ова било тоа што поштарината била многу поевтина од билетот за воз, па некои родители ја одбирале оваа опција.

Трепкањето може да служи како ментален одмор

Воглавно луѓето трепкаат за да го спречат сушењето на очите и во просек секој човек трепка од 15 до 20 пати во минута. Но, едно ново истражување покажало дека трепкањето е и како кратка ментална пауза.

Можете да преживеете во вселената без специјално одело

Можете да преживеете во вселената без никаква опрема, но само 15 секунди. Ова е времето за кое ќе изгубите свест поради недостаток од кислород во мозокот.

Во 1965-та година еден техничар влегол во вакуум соба и случајно го ослободил притисокот од неговиот костим. По 15-тина секунди изгубил свет, но по 27 секунди притисокот во костимот се вратил во нормала.

Подоцна мажот изјавил дека чувствувал како влагата од неговиот јазик почнала да врие, а го изгубил чувството за вкус неколку денови.

nekolku-neverojatni-fakti-shto-povekjeto-lugje-ne-gi-znaat-06.jpg

Постои таен сеф во којшто има семе од речиси секое растение

Овој сеф се наоѓа помеѓу Норвешка и Северниот Пол. Оваа локација е постојано замрзната па лесно можат да се складираат семињата од секакви растенија кои го чекаат судниот ден.

Компјутерскиот вирус Stuxnet можел да предизвика физичка штета

Овој вирус можел да „избега“ од дигиталниот свет и физички да го оштети компјутерот во којшто се наоѓа. Вирусот дури можел да отклучува компјутерски контролирани брави во затвор.

Дали знаете зошто зеваме?

Постои популарно, но погрешно верување, дека зевањето го зголемува нивото на кислород во мозокот. Поверодостојна е теоријата дека зевањето го лади мозокот.

nekolku-neverojatni-fakti-shto-povekjeto-lugje-ne-gi-znaat-07.jpg

Вирусите не се живи

Вирусите не се живи суштества и тие немаат клетки. Ова значи дека не можат да ја претворат храната во енергија и без домаќин тие се само куп хемикалии.

Зборот „љубов“ е најкористениот збор во речиси сите музички жанрови

Едно истражување покажало дека во 8 од 10 музички жанрови, зборот „љубов“ е најкористениот збор.

1 од 4 Американци верува дека сонцето се врти околу Земјата

Во една анкета од 2012-та година учествувале 2.200 Американци. 1 од 4 не знаел дека Земјата се врти околу сонцето.

nekolku-neverojatni-fakti-shto-povekjeto-lugje-ne-gi-znaat-08.jpg

Мнозинството бракови во Индија се договорени

Едно истражување покажало дека дури 84% од браковите во Индија се договорени.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Некои луѓе зборуваат премногу, а кажуваат премалку“: 10 цитати кои ќе им се допаднат на тивките луѓ... „Ефикасноста на дело е како сексот. Или го правите и не зборувате за тоа или збо...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg