Не можете да кивнете додека спиете: 14 факти за сите кои сакаат да научат нешто ново

Луѓето делат 60% од нивната ДНК со бананите

Можеби не е чудно што 96% од нашата ДНК е идентична со шимпанзата, но навистина неверојатен е фактот дека 60% од нашата ДНК е идентична со онаа на кокошките и бананите.

14-chudni-fakti-vo-koi-nema-da-poveruvate-09.jpg

На креаторот на Рубиковата коцка му бил потребен цел месец да ја реши

Ерно Рубик бил професор по архитектура и сакал да направи алатка за учење, па ја создал Рубиковата коцка. Кога ја направил, му бил потребен цел месец да ја реши, а денешниот рекордер ја решил за 4,22 секунди.

14-chudni-fakti-vo-koi-nema-da-poveruvate-10.jpg

Најголемиот временски интервал помеѓу раѓањето на пар близнаци е 87 денови

Возрасната разлика помеѓу близнаците Кејти и Ејми Џоунс Елиот е дури 87 денови. Во 2012-та година, породувањето на нивната мајка започнало 4 месеци порано. Тогаш ја родила Ејми, но Кејти останала во матката уште 3 месеци.

14-chudni-fakti-vo-koi-nema-da-poveruvate-11.jpg

Во Кентаки постоеле луѓе со сина боја на кожата

Се верува дека ова семејство ја добило сината боја на кожата поради инцест, но и ретко генетско наручување.

14-chudni-fakti-vo-koi-nema-da-poveruvate-12.jpg

Гинисовата книга на рекорди е најкрадената книга од јавните библиотеки

Најкрадените книги од книжарници се делата на Харуки Мураками. Рекордот за најкрадена книга од библиотеки ѝ припаѓа на Гинисовата книга на рекорди.

14-chudni-fakti-vo-koi-nema-da-poveruvate-13.jpg

Невозможно да ждригнете во вселената

Воздухот е полесен од течностите и тврдите тела, па поради ова лесно излегува од вашиот стомак. Но поради намалената гравитација во вселената, воздухот во стомакот не се одделува од храната, па невозможно е да ждригнете.

14-chudni-fakti-vo-koi-nema-da-poveruvate-14.jpg

Повеќето кармини содржат крлушки од риба

Некои кармини содржат супстанца позната ако pearlescence која се добива од крлушките на рибите. Покрај кармините, оваа состојка се наоѓа во лаковите за нокти и многу други козметички продукти.

Сепак, денес почесто се користи синтетичка верзија на супстанцата.

14-chudni-fakti-vo-koi-nema-da-poveruvate-15.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg