Земја на автомати и „распеани“ тоалети: Чудни и необични факти за Јапонија

Божиќна вечера од KFC

Наводно, над 3,6 милиони Јапонци го прославуваат Божиќ со вечера од KFC. Целата традиција започнала со одлична маркетинг кампања во 1970-та година, кога се отворил првиот KFC ресторан во државата.

Сепак, Божиќ не е голем празник во Јапонија бидејќи помалку од 2% од населението се христијани.

Најгусто населениот град

Токио е најгусто населениот град во светот и во него живеат околу 38 милиони Јапонци. Кога ќе се земе предвид дека Јапонија има 127 милиони жители, тоа е навистина голем процент.

mnogu-avtomati-i-raspeani-toaleti-chudni-i-neobichni-fakti-za-japonija-06.jpg

Една од најбезбедните држави во светот

Стапката на криминал во Јапонија е толку ниска, што речиси и да не постои. Јапонците се искрени и добри луѓе кои го следат законот, а јапонските закони се навистина строги, па речиси секој избегнува да си направи проблем.

Висока стапка на самоубиства

За жал, Јапонија ја има највисоката стапка на самоубиства во светот. Минатата година бројот на млади што си го одзеле животот достигна нов рекорд.

Шумата за самоубиство е најпопуларното место каде што луѓето си го одземаат животот, веднаш после мостот Голден Гејт во Сан Франциско. Шумата се наоѓа на основата на планината Фуџи и се вели дека повеќето луѓе што влегле во неа никогаш не се вратиле.

mnogu-avtomati-i-raspeani-toaleti-chudni-i-neobichni-fakti-za-japonija-07.jpg

Распеани тоалети

Можеби најчудното нешто во Јапонија се тоалетите. Јапонските тоалети школки прават речиси сè - од загревање, до пеење.

4 е баксузен број

Во јапонската култура неретко се избегнува бројот 4 бидејќи на јапонски звучи слично како и зборот смрт. Многу често зградите немаат 4-ти кат, и речиси никогаш нема да видите група од 4 пријатели. 

mnogu-avtomati-i-raspeani-toaleti-chudni-i-neobichni-fakti-za-japonija-08.jpg

Најдобриот јапонски подарок

Ако не знаете што да подарите на некој Јапонец, нема да погрешите со овошје. Овошјето овде е навистина скапо, а во Токио постои посебна продавница за подароци каде што некои овошки се по цена од други 27.000 долари.

Маска за болни луѓе

Сигурно имате забележано дека многу Јапонци шетаат со маска за лице. Можеби мислевте дека ги носат бидејќи не сакат да се разболат, но всушност важи спротивното – оние кои се болни носат маски за да не ги заразат другите.

mnogu-avtomati-i-raspeani-toaleti-chudni-i-neobichni-fakti-za-japonija-09.jpg

Земја со многу земјотреси

Токио се наоѓа на активна област каде што земјотресите се навистина чести – секоја година има над 1.500. Ова не е ништо во споредба со Нов Зеланд, каде што има над 15.000 земјотреси годишно.

Чистење

Чистењето е важен дел од Јапонската култура, па дури и се учи во училиште. Студентите и учениците самите го чистат нивното училиште и од сите се очекува да ги одржуваат домот и работното место чисти.

mnogu-avtomati-i-raspeani-toaleti-chudni-i-neobichni-fakti-za-japonija-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg