10 одлични лекции кои ги научивме од книжевниот феномен „Сапиенс“ на Јувал Ноа Харари

„Сапиенс - кратка историја на човечкиот род“ е интернационален бестселер, дело на 43-годишниот израелски професор, историчар и научник, Јувал Ноа Харари. 

10-odlicni-lekcii-od-Sapeins-na-Harari-01.jpg

Оваа книга е храбра, опсежна и провокативна, препорачана од Бил Гејтс, Барак Обама и Марк Закерберг како одлично четиво кое ја раскажува историјата на нашиот род од целосно нова перспектива.

Пред 100.000 години, на Земјата живееле најмалку шест човечки видови. Денес постоиме само ние. Хомо сапиенсите. Како нашиот вид ја добил битката за светска доминација?

Како дојдовме до тоа да веруваме во богови, нации и човекови права; да им веруваме на парите, и законите; да бидеме заробеници на бирократијата, временските рокови и потрошувачката? И каков ќе биде светот во следните милениуми?

Доктор Харари ни понуди многу одлични лекции за историјата, сегашноста и иднината, а ние одвоивме 10 преточени низ цитати:

„Никогаш нема да го убедиш мајмунот да ти ја даде неговата банана ветувајќи му неограничена количина на банани откако ќе умре во рајот на мајмуните“.

„Како успевате да ги натерате луѓето да веруваат во замислен ред како христијанството, демократијата или капитализмот? Прво, никогаш нема да признаете дека редот е измислица“.

„Конзистентноста е игралиште на досадни умови“.

„Општеството има тенденција да тврди дека го забранува само она што е неприродно. Но, од биолошка гледна точка, ништо не е неприродно. Она што е можно по дефиниција исто така е и природно.

Неприродното однесување спротивно на законите на природата, едноставно не може да постои, така што не би требало да постои забрана“.

„Според будизмот, изворот на сето страдање не е чувството на болка ниту на тага, дури ниту на безначајност. Вистинскиот извор на страдањето е бесконечната и бесмислената потрага по ефемерни чувства, што предизвикува да бидеме во постојана состојба на напнатост, немир и незадоволство. Поради оваа потрага, умот никогаш не е задоволен“.

„Историски гледано, еден од неизбежните логични закони е фактот дека луксузот настојува со тек на времето да стане основна потреба, а со тоа и да наметне и нови обврски“.

„Луѓето вообичаено се плашат од промени затоа што се плашат од непознатото. Но, најголемата константа во историјата е дека сè се менува“.

„Историјата е нешто што многу малку луѓе го правеле додека сите други ги орале полињата и носеле кофи со вода“.

„Парите се најуниверзалниот и најефикасниот систем на заемна доверба што е осмислен кога и да било“.

„Најчестата реакција на човечкиот ум кога ќе постигне некој успех не е задоволство, туку копнежот за повеќе“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
Двапати имаше рак на дојка, беше во брак со нејзиниот телохранител: Факти за пејачката Анастасија И покрај бројните проблеми со здравјето, како Кроновата болест и двете дијагнози...
Не закопувале богатства, немале папагали и уште 11 факти за пиратите На самиот почеток треба да се забележи разликата помеѓу пират и гусар. Гусарите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg