13 факти што докажуваат колку е всушност скап Њујорк

За да живеете удобно ќе треба да заработувате 140.000 долари годишно

Просечниот работник во САД заработува 46.696 долари годишно.

Ако сакате да живеете во Њујорк и да имате пристоен живот, ќе треба да заработувате барем 130.000 долари годишно.

13-fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-vsushnost-skap-njujork-08.jpg

Во Њујорк се наоѓа најскапо продадениот стан

Милијардерот Кен Грифин е сопственик на најскапиот дом во Њујорк. Станува збор за пентхаус со 3 ката, што чини неверојатни 238 милиони долари.

Наводно, пентхаусите во Њујорк се толку скапи, што не се ни продаваат. Поради ова, агенциите за недвижности ги делат на помали станови, со цел полесно да ги продадат.

13-fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-vsushnost-skap-njujork-09.jpg

Њујорк е дом на 5-те најбогати општини во државата

Трибека е општина во Њујорк која има годишен приход од 879.000 долари. Тамошните домови во просек чинат по 3 милиони долари, а пентхаусите се продаваат по цена од околу 30 милиони.

13-fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-vsushnost-skap-njujork-10.jpg

Просечната личност троши 51.323 долари годишно за неопходни работи

Во просек, во Њујорк ќе ви бидат потребни 50.000 долари за неопходните трошоци. Односно, ќе трошите околу 4.000 долари месечно за домување, храна, транспорт, медицинска нега и даноци. Овде не се вклучени другите трошоци и заштедата.

13-fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-vsushnost-skap-njujork-11.jpg

4-члено семејство троши 124.129 долари годишно за неопходни работи

Доколку, пак, живеете во Њујорк со деца, ќе ви бидат потребни околу 10.000 долари за неопходните месечни трошоци.

13-fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-vsushnost-skap-njujork-12.jpg

Приватните училишта и градинки чинат и до 50.000 долари годишно

Приватните училишта и градинки во Њујорк се поскапи и од студирањето на Харвард или Принстон.

13-fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-vsushnost-skap-njujork-13.jpg

Дури и банкарите милионери од Вол Стрит го напуштаат градот

Животот во Њујорк е толку скап, што дури и богатите бараат поевтина алтернатива.

Всушност, во 2016-та градот изгуби 8,4 милијарди долари бидејќи жителите, од кои повеќето богати банкари, се преселиле во други градови.

И богатите милениумци постепено се селат од градот, најверојатно поради високите трошоци.

13-fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-vsushnost-skap-njujork-14.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
Гласини за тајна свадба со Марко Ѓоковиќ - Која е мистериозната Бразилка што го освои братот на Нова... За разлика од Новак, кој е постојано во центарот на вниманието, и од помалиот бр...

Најчитани неделава