13 факти што докажуваат колку е всушност скап Њујорк

Њујорк насекаде е познат по високите цени и богатите жители, а голем придонес за ова има „цутењето“ на работниот пазар.

13-fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-vsushnost-skap-njujork-01.jpg

Наводно, Њујорк ја има една од најголемите урбани економии, а во 2018-та, градот го забележа најголемиот економски пораст во изминативе 70 години.

Поради ова, Њујорк постојано се наоѓа во првите 10 градови кои се најскапи за живеење.

Следниве 13 факти ќе ви покажат колку е всушност скап животот во Големото јаболко:

Луѓето со просечна американска плата треба да работат 76,16 часа неделно за да живеат удобно

Истражувањето од финансиската платформа GoBankingRates покажало дека личност со просечна американска плата од 21,63 долари на час, ќе треба да работи дури 76,16 часа неделно за да има удобен живот.

За да живеете „нормален“ живот во Њујорк, годишно ќе ви бидат потребни околу 85.000 долари. Од оваа сума 50% би потрошиле за сметки, храна и кирија, а 30% за работи што не се неопходни. Останатите 20% се предвидени како заштеда.

13-fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-vsushnost-skap-njujork-02.jpg

Некои жители трошат милиони за да живеат во подруми

Бидејќи цените на луксузниот пазар се намалуваат, луѓето се обидуваат да го искористат секој сантиметар квадратен од имотот. Ова значи дека и подрумите се приспособуваат за живеење.

На пример, една жена купила подземен дуплекс за 2,3 милиони долари. Истиот стан над неа, односно на приземје, чинел околу 1 милион повеќе.

13-fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-vsushnost-skap-njujork-03.jpg

Њујорк е град со над 100 милијардери

Според извештај од 2019-та, во Њујорк живеат 105 милијардери. Ова се повеќе милијардери отколку што има во речиси секоја држава, освен САД, Кина и Германија

13-fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-vsushnost-skap-njujork-04.jpg

Киријата за двособен стан е речиси два пати повисока од просечната

Просечната кирија за двособен стан во САД е 1.480 долари. Но, за да изнајмите стан во Менхетен, најскапото соседство во Њујорк, во просек ќе ви бидат потребни 5.530 долари месечно.

Просечната кирија во Њујорк е околу 82% од просечната американска плата.

13-fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-vsushnost-skap-njujork-05.jpg

Месечно за паркинг се потребни над 606 долари

Според еден извештај, ќе ви бидат потребни над 600 долари месечно за да го паркирате автомобилот во Њујорк. За споредба, во Калифорнија ќе ви бидат потребни околу 530, а во Колорадо 560 долари.

13-fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-vsushnost-skap-njujork-06.jpg

Просечната цена на становите е 1,5 милиони долари

Во просек, становите во Америка чинат околу 280.000 долари. Во Њујорк, цената е драстично повисока и ако сакате да имате свој стан, ќе ви требаат барем 1 милион долари.

13-fakti-shto-dokazhuvaat-kolku-e-vsushnost-skap-njujork-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“ „Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скрше...
Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале...
Отровни фустани, црни заби: Бизарни трендови за убавина од минатото Славните личности, кои се главните трендсетери во светот на модата, неретко знаа...
Го дели сопругот со две жени, има богатство од 15 милијарди долари: Факти за шеика Моза, мајката на ... Нејзиното богатство се проценува на 15 милијарди долари, се верува дека има пове...
„Стареењето е привилегија што ја нема секој“: Цитати кои ќе ви покажат дека годините не треба да ве ... „Секој кој престанува да учи е стар, без разлика дали има 20 или 80 години. Оној...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg