Факти кои можеби не сте ги знаеле за легендарниот актер кој го глуми Мистер Бин


Факти кои можеби не сте ги знаеле за легендарниот актер кој го глуми Мистер Бин

Многумина од нас добро се сеќаваат на деведесеттите години кога се појави серијалот „Мистер Бин“. За сите претставуваше едно посебно откритие, можност со своите најблиски гласно да се изнасмееш пред да продолжиш со обврските.

fakti-koi-mozhebi-ne-ste-go-znaele-za-legendarniot-akter-koj-go-glumi-mister-bin-001.jpg

Серијалот „Мистер Бин“ е креиран од Роуан Аткинсон и Ричард Кертис, а неговиот лик е опишан како „дете во тело на возрасен“ и секоја епизода претставува решавање на различни проблеми, кои произлегуваат од навидум секојдневни нешта.

Со милионски прегледи ширум светот и бројни интернационални награди, ликот на Мистер Бин стана познат и близок до сите нас.

Interesni podatoci sto mozebi ne ste gi znaele za mister bin 3

За Роуан Аткинсон, поточно Мистер Бин може многу да се пишува, а во продолжение следуваат интересни податоци што можеби не сте ги знаеле за овој култен лик и актер.

- Да започнеме од почеток, Рован Аткинсон е роден на 6-ти јануари 1955 година.

- Учел во ист клас со поранешниот британски претседател Тони Блер.

- Кога станува збор за образование, има дипломи од два универзитети: Универзитетот Оксфорд и Универзитетот Њукасл.

- Во 1990 година се оженил со Сунета Састри и имаат две деца. На првото излегување со неа, не прозборел ниту збор, освен што ја замолил да му го подаде кечапот.

Interesni podatoci sto mozebi ne ste gi znaele za mister bin 2

- Актерот станал славен откако се појавил во комедијата „Not the Nine O’Clock News“, која на времето се прикажувала на BBC.

- Пред Мистер Бин, постоеле и други варијанти на имиња: Мистер Вајт, а потоа и Mr Cauliflower.

- Она што е доста очигледно за него е тоа што Аткинсон сака автомобили. Има приватна колекција, меѓу кои се вбројуваат и Aston Martin, Honda, Audi, па дури и MC Laren F1. Вели дека не е љубител на Porsche.

- Роуан Аткинсон е редовен гостин на кралските свадби. Присуствувал и на венчавката на Принцот Чарлс и неговата втора сопруга Камила, како и на Принцот Вилијам и Кејт.

fakti-koi-mozhebi-ne-ste-go-znaele-za-legendarniot-akter-koj-go-glumi-mister-bin-002.jpg

- Го обожава Џејмс Бонд.

- Во 2001 година, на пат за Кенија, нивниот пилот починал на самото место и Роуан Аткинсон успешно го слетал авионот кој паѓал.

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 интересни факти за мажите, кои можеби и тие не ги знаат И мажите може да добијат рак на дојка. Мажите со избричени глави изгледаат повис...
Интересни цитати за мажите од Мерилин Монро „Сопруг е личноста која секогаш ви го заборава роденденот и не пропушта можност ...
На 9 години – прва слика, на 13 – примен на факултет: Интересни факти за Пабло Пикасо Неспорно е дека Пабло Пикасо е еден од најважните уметници на 20 век, најдобро п...