Пешачкиот се игнорира, нема сообраќајни знаци - Необични факти за возењето и сообраќајот во Русија

Многу возачи и пешаци го игнорираат пешачкиот премин

Пешачките премини се ретка појава во Русија, дури и во градовите. Па, веројатно ова е причината што речиси сите ги игнорираат.

Сепак, за пешаците ова може да биде навистина опасно.

Руските патишта се помеѓу најопасните во светот

Русија ги има најопасните патишта, со над 20.000 смртни случаи во 2016-та. Дури четвртина од фаталните сообраќајќи биле поради алкохол.

Нелегално е да возите валкан автомобил

Можеби најчудното сообраќајно правило е забраната за возење валкан автомобил.

Веројатно ова се однесува на валканите прозорци што ја намалуваат видливоста, или валканите регистарски таблички кои се тешки за читање.

neobichni-no-vistiniti-fakti-za-vozenjeto-vo-rusija-07.јпг.jpg

Во Москва е забрането свртувањето кон лево

Уште почудно е што возачите во Москва никако не смеат да свртат лево, освен ако има семафори.

Ова дефинитивно го прави возењето многу подолго.

Нема доволно сообраќајни знаци

Надвор од големите градови, можете да се возите со часови пред да налетате на сообраќаен знак. И самите патишта се лошо обележани, па можете да се изгубите многу лесно.

Истовремено, знаците што се поставени се само со кирилично писмо, а ова може да биде проблем за странците.

neobichni-no-vistiniti-fakti-za-vozenjeto-vo-rusija-08.jpg

Речиси и да нема одморалишта и бензински по пат

Во руралните делови од Русија нема каде да одморите од патот. Русите се свесни дека покрај автопатиштата нема бензински, па го полнат резервоарот секогаш кога имаат прилика.

Данокот за автомобил се пресметува според коњските сили

За да одредат колку данок треба да платите за автомобилот, Русите ги земаат предвид неговите коњски сили.

Цената е од 2 до 50 рубљи за една коњска сила, во зависност од видот на автомобилот.

neobichni-no-vistiniti-fakti-za-vozenjeto-vo-rusija-09.јпг.jpg

Светлата од автомобилот мора постојано да бидат вклучени

Овој закон постои и кај нас, но и во неколку други европски држави.

Според законот, светлата од автомобилот мораат да бидат вклучени, без разлика дали е ден или ноќ.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...

Најчитани неделава