„Луѓето страдаат затоа што се затвореници на сопствените сфаќања“ - 12 мудрости од индиски зен учител

Thich Nhat Hanh е еден од најпознатите учители на Зен, поет и миротворец. Неговото клучно учење е дека преку свесност можеме да научиме да бидеме среќни во сегашниот момент, а тоа е единствениот начин да се постигне вистински мир, во себе и во светот. 

Dvanaeset mudrosti na indiskiot zen ucitel 01

Ова се неколку мудрости од него:

„Никој не може да ни даде слобода, ние треба самите да ја негуваме. Тоа е секојдневна практика.“

„На луѓето им е тешко да се откажат од своите страдања. Од страв од непознатото, го бираат страдањето што им е познато.“

„Сознанието е секогаш можно. Мало сознание ќе доведе до големо. Ако дишете и сте свесни дека сте живи - ќе ја почувствувате магијата на животот. И тоа е вид на сознание.“

„Многу луѓе живеат без да бидат свесни за магијата на животот“.

„Можно е да се живее среќно во овој момент и на ова место. Толку многу предуслови за среќа ни се на дофат - повеќе од доволно за да нè направат среќни во моментов.“

„Луѓето страдаат затоа што се затвореници на сопствените сфаќања. Штом ќе се ослободиме од овие сфаќања, стануваме слободни и повеќе не страдаме.“

Dvanaeset mudrosti na indiskiot zen ucitel 02

„Самосвеста ни овозможува да живееме во сегашниот момент. И секој пат кога сме самосвесни можеме да ја препознаеме моменталната состојба на среќата.“

„Можеме да живееме само во сегашноста. Затоа мора да веруваме дека секој чекор ќе нè води до ова место и во овој момент.“

„Кога сакаш некого, најдоброто што можеш да го понудиш е твоето присуство. Како можеш да сакаш ако не си присутен?“

„Да се биде сакан значи да се препознае како битие што постои.“

„Секоја мисла што ја имате, сè што ќе кажете, сè што правите, го има вашиот печат“.

„Мора да продолжиме да учиме. Треба да имаме отворен ум. И треба да бидеме подготвени да се ослободиме од сопственото знаење, за подобро да ја разбереме реалноста.“

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...
Се запишале на факултет со лажен идентитет: Што знаеме за ќерките на Владимир Путин? Владимир Путин има две ќерки од првиот брак. Нивните имиња ѝ се познати на јавно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg