Идејата дека за добар брак е потребно само љубов - е стапица: 5 факти за бракот

Идејата дека за добар и долг брак е доволна само љубов е стапица. Во повеќето случаи, бракот не успева заради неконзистентните вредности и мислења. 

idejata-deka-za-dobar-brak-e-potrebna-samo-ljubov-e-stapica-5-fakti-za-brakot-01.jpg

Постојат 5 стари факти за бракот кои треба да ги знаете:

Бракот е договор

Бракот е правен договор, ништо повеќе и ништо помалку. Ги врзува двете лица во однос на правниот статус и имотот. Историски и традиционално гледано, брачните договори имале економски карактер. 

Имотот на сопругата му се пренесувал на мажот, а жената станала законска сопственост и одговорност на младоженецот, поради што невестата традиционално го земала презимето на младоженецот.

Бракот има темна историја

Од барбики со идеални размери, принцези од анимирани филмови до модели во женски магазини. Постојано се сервира верување дека нашите тела се повредни од нашите умови. Поради ова на многу жени им е важно мислењето на другите.

Се испраќа порака дека на жените им е потребен маж да ги сака, ожени и заштити.

Ako sakate sreken brak treba da gi prifatite ovie pet fakti 02

Бракот бара многу повеќе од љубов

Идејата дека за добар и долг брак е доволна само љубов, е стапица. Во повеќето случаи бракот не успева заради неконзистентните вредности и мислења.

Љубовта е важна, но вистинскиот рецепт за успешен брак е посветеност, ценење, доверба, почит и привлечност. И двајцата партнери треба да ги промовираат овие вредности еднакво, секој ден.

Во бракот не постои пола - пола

Од жените се очекува да имаат професионална кариера, да имаат деца, да ги воспитуваат и да се грижат за домашните работи. На крајот, сите мислат дека мажите и жените вложуваат ист напор во една врска, но тоа најчесто не се случува.

Доследноста во ветувањата е поважна од бракот

Односите функционираат добро ако се присутни заеднички вредности и посветеност. Она што брачните другари го ветиле - треба да се одржува секој ден. Посветеноста кон брачниот другар е вистинска демонстрација на љубовта.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg