Рак, убиство на брат и уште неколку мрачни факти за животот на Софија Вергара
Постојано се лепела за лоши момци, еден дури обвинет за убиство, а во 2013 година смрзнала јајце клетки.

Софија Вергара денес е успешна актерка и деловна жена. Таа плени со својата ведрина и смисла за хумор при секое јавно појавување, но нејзиниот живот дефинитивно не бил лесен.
Од тешки болести до трагични настани, таа многупати била ставена во незавидни ситуации.
Факти за животот на Софија Вергара:
Родена е во 1972 година во Колумбија, како една од 6 деца.

Во 1989 година го имаше првото телевизиско појавување, една година подоцна се омажи за својата прва љубов Хозе, а година подоцна го роди синот Маноло.

Во 1993 година се разведе и се пресели во Богота, каде ја започна својата кариера на модел и стана позната во Латинска Америка.

Во 1994 година доби понуда за да води ТВ шоу и се пресели на Мајами во потрага по подобар живот за себе и синот.

Во 1998 година нејзиниот помал брат Рафаел беше застрелан на 27-годишна возраст во близина на неговиот дом, по неуспешен обид за киднапирање, а убијците беа осудени на 15 години затвор.

Актерката имаше романса со Крис Пасиело, моќен сопственик на ноќен клуб поврзан со криминалниот свет, кој во 2000 година беше обвинет за убиство на жена, а Вергара дури се понуди да го продаде својот дом во Мајами за да му плати кауција. Крис беше осуден на 6 години затвор и нивните патишта се разделија.

Во истата 2000 година Вергара доби ненадејна дијагноза рак на тироидната жлезда, за среќа, беше фатен во рана фаза и по третманот актерката заборави на оваа немила епизода од животот.

Софија продолжија да ја привлекуваат лоши момци, па во 2004 година имаше кратка афера со колумбискиот нарко бос Андрес Лопез.

Уште 5 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното)
„Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
10 топли пораки со кои можете да честитате Бадник
Доколку сакате готови пораки за честитање Бадник на саканите и пријателите, имам...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело
Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ
„Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з...
Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...