Барала „спонзор“ од 16 години и уште 12 мрачни тајни за Крис Џенер
Од љубовни афери до скандалозни разводи и притисоци врз своите ќерки во име на славата... Што сѐ е подготвена да направи за пари Крис Џенер?

Без разлика дали ја сакате или мразите, таа направи мулти милионерски брендови од своите деца.
Почнала скромно и имала многу скандали во животот, но изгледа дека сега го живее својот сон.
Мрачни тајни за животот на Крис Џенер:
Пријателка на Крис од средношколските денови вели: „Крис отсекогаш сакаше да излегува со мажи со пари и моќ. Таа потекнуваше од скромно семејство, а беше одлучна дека сака да има многу пари.“

Мајка ѝ ја терала уште од 17-годишна возраст да излегува со видни фаци, па така ја убедила да се состанува со 10 години постариот професионален голфер Цезар Санудо, па дури и да живее со него одреден период.

Била „фатена“ како го изневерува Цезар со адвокатот Роб Кардашијан, кој бил побогат од него.

Сепак, Роберт ја одбрал Присила Присли, а Крис успеала да го придобие дури кога Присила му раскинала, пa се венчале во 1978 година.

Таа призна дека го изневерила и Роберт Кардашијан, па дури и дека се сомнева дали тој е татко на Клое.

Врската со сексапилниот Тод Вотермен беше главна причина за скандалозниот развод помеѓу Крис и Роберт Кардашијан.

Потоа, таа ја пронајде новата љубов, поранешниот олимписки атлет Брус Џенер, кој го промени полот и денес е Кејтлин Џенер.

Уште 6 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ...
Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран?
На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ
„Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега
Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
