Го зајакнува имунитетот, нè прави посреќни - Интересни факти за сексот

Можеме да кажеме дека деновиве луѓето имаат многу слободно време. Оние, пак, кои се во брак или се во карантин со партнерот, сигурно голем дел од времето минуваат во спалната соба.

go-zajaknuva-imunitetot-ne-pravi-posrekjni-fakti-za-seksot-shto-kje-ve-nateraat-da-se-fatite-za-rabota-01.jpg

А, изгледа дека сексот е најдобриот начин да го искористите слободното време.

Во продолжение дознајте зошто:

Сексот го зајакнува имунитетот

Кој не би сакал посилен имунитет средe пандемија? Едно истражување покажало дека сексот го овозможува токму тоа.

Испитаниците кои учествувале во истражувањето одговарале прашања за нивната сексуална историја, а притоа бил проверен и нивниот имунитет.

Се покажало дека оние кои имале секс двапати неделно, имале значително посилен имунитет.

И мастурбацијата е добра за имунитетот

Науката покажала дека и мастурбацијата може да го зајакне имунитетот.

Во едно истражување учествувале мажи кои имале задача да мастурбираат, а потоа да дадат крв. Се покажало дека сексуалната возбуда и ејакулацијата го зголемиле бројот на бели крвни зрнца, кои имаат важна улога во имунолошкиот одговор на организмот.

go-zajaknuva-imunitetot-ne-pravi-posrekjni-fakti-za-seksot-shto-kje-ve-nateraat-da-se-fatite-za-rabota-02.jpg

За жените, сексот е добар за срцето

Пообемно истражување, во кое учествувале постари луѓе, покажало дека сексуалните врски имаат добро влијание врз здравјето на повозрасните жени.

Оние кои имале секс почесто и кои биле позадоволни од сексуалниот живот, имале и поздраво срце.

Оргазмите ја намалуваат болката

Научниците случајно откриле дека лабораториските глувци кои биле сексуално стимулирани чувствувале помалку болка. Ова ги натерало да направат истражување и со луѓе.

Испитаниците биле жени и имале задача да мастурбираат со едната рака. Другата рака им била прикачена на машина која им ги притиска прстите, а тие требало да оценат колку ги боли.

Се покажало дека за време на мастурбирањето, издржливоста на болка била поголема.

Истото влијание го имаат и оргазмите, поради ендорфините што се ослободуваат во мозокот.

go-zajaknuva-imunitetot-ne-pravi-posrekjni-fakti-za-seksot-shto-kje-ve-nateraat-da-se-fatite-za-rabota-03.jpg

21 е магичниот број (за мажите)

Веројатно сите момчиња тинејџери се имаат запрашано дали мастурбираат премногу. Науката вели дека најверојатно не, освен ако не се појави болка или непријатност.

Науката открила и колку често треба да мастурбираат мажите за да го одржат здравјето на простата.

Во истражување кое траело 18 години и во кое учествувале 32.000 мажи, се открило дека за мажите е најдобро да мастурбираат 21 пат месечно, за да го намалат ризикот од рак на простата.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Некои луѓе зборуваат премногу, а кажуваат премалку“: 10 цитати кои ќе им се допаднат на тивките луѓ... „Ефикасноста на дело е како сексот. Или го правите и не зборувате за тоа или збо...
„Ако не побарате нешто, одговорот секогаш ќе биде не“ – Цитати кои ќе ви ја вратат самодовербата во ... „Успешните луѓе чувствуваат страв, успешните луѓе имаат сомнежи и успешните луѓе...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg