Како е да се биде жител, а не турист: 12 факти за животот на Бали
Девојка која се омажила за локалец на Бали го пренесува своето искуство од животот таму.
Бали е дестинација од соништата за многу туристи, но како е да се живее таму?
Какви навики имаат локалците на ова место со бескрајно долги плажи со бел песок и неверојатна флора и фауна?
Девојка од Русија која се омажила за локалец на Бали го пренесува своето искуство оттаму на Инстаграм.
Што раскажува Вероника за животот на Бали:
На Бали ме сметаат за неверојатна убавица, иако јас сум девојка со просечен изглед.
Воодушевени се што имам бела кожа, златеста малку виткана коса и сум ситна по раст слично како и тие (со моите 163 сантиметри сум дури малку висока). Но, најубава работа за нив од сѐ е мојот нос, велат дека бил долг и убав.
Според локалните стандарди, јас сум ужасна домаќинка, тие сметаат дека подовите треба да се чистат секој ден и да се пегла апсолутно сѐ, дури и чорапите.
На земјата имаат брдо облека која чека да биде испеглана, па дури може да ја помешате со нечиста. Таа веќе не мириса на детергент и при пеглањето треба да ја испрскате со некое средство за да има убав мирис.
На децата на Бали им е дозволено да прават апсолутно сѐ.
Таму децата смеат да тркалаат јаболка по подот на супермаркетите и други сцени за кој ниту еден човек нема да се налути, туку само ќе се насмевне. Исто така, смеат да јадат сѐ, од чипсови до благи работи.
Интересно е што на Бали често јадат несозреано овошје, како на пример зелено манго во овошна салата.
Во локалите мора да нагласите дека сакате незачинето јадење, ако не сакате да бидете бомбардирани од вкусови, особено од луто.
Не чуваат многу храна во фрижидерите, дури некои семејства ги купуваат фрижидерите само за статус.
Уште 6 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:





