Има 38 авиони и хеликоптери, сите го мразат: Факти за бизарниот крал на Тајланд

67-годишниот Маха има над 30 милијарди долари на сметката, живее во германски хотел со 4-тата сопруга и со 20 конкубини и непромислено троши државни пари.

ima-38-avioni-i-helikopteri-site-go-mrazat-fakti-za-bizarniot-kral-na-tajland-01.jpg

Маха Ваџиралонгкорн (67) во мај 2019 беше крунисан за крал на Тајланд, а оттогаш неговото име постојано се поврзува со некои скандали.

Само што ќе го отворите профилот на Инстаграм на тајландското кралско семејство ќе видите скандалозни фотографии од него.

Маха веќе извесен период живее во хотел во Германија со неговата 4-та сопруга и своите конкубини.

Во Тајланд забранет е критицизам кон кралското семејство, па дури и на милениците на кралското семејство, тоа е казниво со закон и може да добиете и до 35 години затвор, но некои луѓе што се отселени оттаму ја користат можноста јавно во медиумите да кажат каков човек е Маха.

ima-38-avioni-i-helikopteri-site-go-mrazat-fakti-za-bizarniot-kral-na-tajland-07.jpg

Во магазинот „London’s Financial Times“ неодамна е откриено дека Маха има купено 38 авиони и хеликоптери. Нивното одржување, гориво, екипаж и контролата на летање ја чинеле државата 64 милиони долари за само една година, додека Тајланд се бори со длабока рецесија поради корона вирусот и ударот врз туризмот.

ima-38-avioni-i-helikopteri-site-go-mrazat-fakti-za-bizarniot-kral-na-tajland-03.jpg

Маха се смета дека е еден од најбогатите кралски припадници на светот со богатство од преку 30 милијарди долари, но неговото непромислено трошење ги иритира граѓаните. Тој од германскиот хотел во кој живее оди во Бангкок само за официјални настани.

ima-38-avioni-i-helikopteri-site-go-mrazat-fakti-za-bizarniot-kral-na-tajland-04.jpg

Загрижувачко е и однесувањето на тајландскиот крал за кој изворите велат дека имал проблеми со темпераментот, често станувал многу бесен на одредени луѓе, па дури ги ставал и во затвор.

ima-38-avioni-i-helikopteri-site-go-mrazat-fakti-za-bizarniot-kral-na-tajland-06.jpg

Последен од скандалите е тој што неговата љубовница ја тргнал од кралската должност и ја нарекол „неблагодарна“ затоа што таа покажувала ривалство кон неговата 4-та сопруга. Се верува дека минала 10 месеци во затвор. Но, минатиот месец имало јавно известување дека е вратена на работната позиција.

Прочитајте и Сопругата и љубовницата му клечат пред нозе: Уште факти за бизарниот крал на Тајланд

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...

Најчитани неделава