-->
Добивањето ќерка е лоша карма и уште 14 факти за животот на Бали
-->
Ако жената роди само девојчиња, тоа му дава за право на нејзиниот маж да земе втора жена, иако полигамијата е официјално забранета на Бали.
Олја Солнечнаја (33) е девојка од Русија која се преселила да живее на Бали пред 5 години.
-->
Од стабилна работа во финансиски сектор таа одлучила да стане фриленсер и да работи од плажа под сенка од палма. Инаку, првенствено го сменила местото на живеење за да си ги излекува љубовните рани.
Таа на својот Инстаграм профил открива детали од животот на овој познат остров и ја открива и другата страна на оваа рајска дестинација.
Вели дека Бали не е само океан, бранови и сонце и пренесува детали од животот на локалците:
Локалците бараат да покажете почит кон нив и воопшто не толерираат дрскост, па ако се поставите лошо кон нив на професионално поле на пример тие нема да соработуваат со вас никогаш повеќе.
Никогаш не велат „Не“ и потоа ќе смислуваат изговори или ќе ви одговорат „Ајде, утре“.
Студени се кон животните, односно мачките и кучињата ги третираат на ист начин како да се диви животни, кај нив не мислат дека кучето е подобро од змијата.
Освен ако не сте сурфер, голема е веројатноста плажите да не ви се допаднат затоа што има бранови, гребени и плима и осека, при што е доста тешко да се плива.
Добивањето на син се смета за голем успех, но добивањето на ќерка значи дека родителите треба да си ја подобрат кармата.
Ако жената роди само девојчиња, тоа му дава за право нејзиниот маж да земе втора жена, иако полигамијата е официјално забранета на Бали.
На децата не им забрануваат ништо, а чудно е што не се разгалени, на пример нема деца што плачат по маркети барајќи да им се купи нешто.
Не се слават родендените на децата, освен 1-от роденден за кој се подготвува огромна прослава.
Уште 7 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:

8 факти кои секоја девојка треба да ги знае за своето тело
Опседнатост со килограмите, излегување до доцните часови, сончање по цел ден на ...

10 забавни факти за оние кои сакаат да научат нешто ново
Следниве факти не се од суштинско значење за вашето образование, но ќе ви се нај...

Бил 5 години во брак: Факти за Ден Хортон, новото момче на Лејди Гага
37-годишниот сексапилен Ден Хортон го освои срцето на Гага, но кој е всушност то...
-->