Јазикот е многу добра работа, само доколку не е женски“ – мудроста низ безвременските цитати на Чарлс Дикенс

Чарлс Дикенс (1812-1870) е еден од најзначајните британски писатели на 19 век, критичар на општествената неправда на викторијанската ера.

Citati-na-Charls-Dikens-01.jpg

Тој воедно е и еден од најпознатите писатели на сите времиња. Неговите безвременски дела како „Оливер Твист“, „Дејвид Коперфилд“, „Приказна за два града“ и „Божиќна приказна“ се дел од речиси секој образовен односно наставен план во светски рамки.

Животот на Дикенс доживеал пресвртница во моментот кога како 12-годишно дете бил принуден да го прекине школувањето и да работи во фабрика за обувки бидејќи неговиот татко завршил во затвор поради многуте долгови.

Дикенс ја запознал мрачната страна на сиромаштијата и станал најжесток гласноговорник на сиромашните на своето време. Ова го сменило целиот негов живот.

Можеби затоа неговите цитати ќе ви делуваат мошне актуелно и ќе се пронајдете во нив:

Електронската комуникација никогаш нема да го замени лицето кое со својата душа ја охрабрува другата личност да биде храбра и искрена.

Постојат книги чии насловни страници и задни корици се најдобриот дел од нив.

Јазикот е многу добра работа, само доколку не е женски.

Кога не би постоеле лоши луѓе, не би постоеле и добри адвокати.

Да скријам нешто од оние луѓе со кои сум поврзан не е дел од мојата природа. Никогаш не би можел да ги затворам своите усни пред оние на коишто сум им го отворил моето срце.

Болката при разделбата не е ништо во споредба со радоста при првата прилика за повторна средба.

Никој што го олеснува туѓиот товар не е бескорисен на овој свет.

Ние ги проколнуваме ланците кои си ги носиме во текот на животот.

Пороците понекогаш се доблести со кои сме претерале.

Првото правило во работата е да им го правиш на другите она што тие ти го прават на тебе.

Постои срце кое никогаш нема да стане тврдо, темперамент кој никогаш нема да се умори и допир што никогаш нема да повреди.

Постои мудроста на главата и мудроста на срцето.

Некои жици во човечкото срце е подобро да не вибрираат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg