23 април, Светски ден на книгата – прославете со добри дела и најдобрите цитати за читањето

Денес се одбележува Светскиот ден на книгата. На овој ден, започнувајќи од 1995 година, овој празник се слави низ целиот свет. 23 април е тесно поврзан со големите книжевни великани Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, но како?

23-april-Svetski-den-na-knigata-01.jpg

23 април („Денот на розите“) е неслучајно одбран уште во далечната 1923 година во Шпанија. Продавачите на книги меѓусебно се договориле да му искажат почит на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес, кој починал токму на овој датум.

Идејата поттикнала менување на книги наместо рози, како што проповедала дотогашната традиција за празникот.

Во 1995 година, УНЕСКО решило да го официјализира датумот како „Светски ден на книгите“, поради каталонскиот фестивал во Шпанија, смртта на Мигел де Сервантес, но и смртта на Вилијам Шекспир, која се случила на истиот овој датум.

Овој традиционален настан во голема мерка е насочен кон децата и има за цел да ја поттикне нивната љубов кон читањето. Поради пандемијата, пораката која се споделува оваа година по повод на Светскиот ден на книгата е „сподели приказна“.

Не чекајте, туку започнете со читање. Всадете им ја оваа љубов на најмалечките уште од најрани нозе, бидејќи книгите се најголемото богатство.

„Добрите книги не ги издаваат сите тајни оддеднаш“ – Стивен Кинг

„Книгите се како огледала – ако будала погледне во нив, не може да очекувате одраз на гениј“ – Џ.К. Роулинг

„Доколку го читате она што сите други го читаат, може само да размислувате на начинот на кој сите размислуваат“ – Харуки Мураками

„Отсекогаш си замислував дека рајот ќе биде нешто слично на библиотека“ – Хорхе Луис Борхес

„Сметам дека телевизијата е многу едукативна. Секогаш кога некој ќе го вклучи телевизорот, јас одам во друга соба за да читам“ – Гручо Маркс

„Класика – книга со која сите се фалат и книга која никој не ја прочитал“ – Марк Твен

„Да читаме и танцуваме – двете забавни нешта кои никогаш нема да му наштетат на светот“ – Франсоа Волтер

„Освен храна, засолниште и придружба, приказните се тоа што ни е најнеопходно на светот“ – Филип Пулман

„Ако имате градина и библиотека, имате сè што ви е потребно“ – Цицерон

„Човекот кој не чита добри книги не е ништо подобар од човекот кој не знае ни да ги прочита“ – Марк Твен

„За да станете паметни потребно е да прочитате само десет книги. Но за да ги најдете тие десет, треба да прочитате илјадници“ – Непознат автор

Најдоброто кино на светот е мозокот, а тоа ќе го сфатите додека читате добра книга“ – Ридли Скот

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
Продавал маички по пазари, сомнежи дека син му го убил: Кој е основачот на Mango (и како загина)? Исак Андик го основал познатиот моден бренд во 1980-тите и го претвори во компан...
Гласини за тајна свадба со Марко Ѓоковиќ - Која е мистериозната Бразилка што го освои братот на Нова... За разлика од Новак, кој е постојано во центарот на вниманието, и од помалиот бр...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...
Три брака, големи здравствени проблеми во детството - Каде е денес Сертаб Еренер, турската победничк... Сертаб Еренер е единствената претставничка на Турција која победи на Евровизија....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg