Факти за убавата басистка на Måneskin - панични напади, искрено за односот со Дамиано Давид

„Бев безгрижно девојче и на 14 години дојде миг каде сфатив дека не сакам да излезам од дома, изгубив година на училиште. Нешто се скрши во мене и не знаев како да го поправам...“, раскажува искрено 21-годишната басистика на бендот што ја освои Европа.

panichni-napadi-iskreno-za-odnosot-so-damiano-david-fakti-za-ubavata-basistka-na-m-neskin-01.jpg

Покрај Дамиано Давид (22) лидерот на италијанскиот бенд Måneskin, кој триумфираше на Евровизија, вниманието на јавноста го привлече и убавата 21-годишна басистика на бендот.

Станува збор за Викторија де Ангелис, која е родена во Рим. Висока е 163 сантиметри, тешка 50 килограми, а многумина во текот на годините романтично ја поврзувале со Дамиано.

Но, во интервју за италијанското издание на магазинот Cosmopolitan пред некоја година таа искрено говори за нивниот однос.

Таа вели дека иако многумина веруваат дека таа и Дамиано се заедно, тоа не е вистина, но открива дека нивната врска е многу интимна и дека тие се повеќе и од пријатели и од браќа, „повеќе од сѐ“ вели Викторија.

Таа уште на 8-годишна возраст почнала да свири гитара, но кога се запознала со бас гитарата се вљубила во неа. Од мала ги мразела стеротипите и строгите разлики меѓу машкиот и женскиот пол.

„Јас скејтав, ја носев косата кратка, се облекував како момче. Не носев здолништа, не затоа што не ми се допаѓаа, туку затоа што не сакав да се покорам на тоа дека така треба, вели Викторија за своите детски спомени.

Потоа отворено проговори за проблемите од раната младост.

„Бев безгрижно девојче и на 14 години дојде миг каде сфатив дека не сакам да излезам од дома, изгубив година на училиште. Нешто се скрши во мене и не знаев како да го поправам. Се срамев од тоа, но сега немам потреба да кријам повеќе“, вели таа и додава дека успеала да излезе од лошата ситуација со панични напади со помош на поддршката од семејството, пријателите и со терапија.

На Инстаграм ја следат повеќе од 1.1 милион луѓе.

Прочитајте и „Лошото момче“ од Евровизија ја размрда Европа: Бившите девојки и скандалите на Дамиано Давид (22) од Måneskin

Дел од нејзините фотки:

Повеќе фотки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg