Заборавањето е знак за интелигенција, мозокот сака да бидеме мрзливи – забавни психолошки факти што сигурно не ги знаевте

Иако знаеме многу за мозокот и човечката психа, овие нешта уште кријат тајни кои не им се познати ни најголемите експерти. А со секое ново откритите што го прават, тие се уште поизненадени. 

zaboravanjeto-e-znak-za-inteligencija-mozokot-saka-da-bideme-mrzlivi-zabavni-psiholoshki-fakti-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-01.jpg

Елизабет Донатела е сертифициран советник и ментор за луѓе кои сакаат да си го подобрат својот живот, со многу искуство во областа на психологијата.

zaboravanjeto-e-znak-za-inteligencija-mozokot-saka-da-bideme-mrzlivi-zabavni-psiholoshki-fakti-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-07.JPG

Нејзините животни совети таа ги споделува и на ТикТок, каде што ја следат повеќе од половина милион корисници. Покрај советите, Елизабет споделува и видеа со забавни психолошки факти кои повеќето од нас не сме ги чуле, а овие објави се едни од најпопуларните на нејзиниот профил.

@coachlisy

Tap ➕ if your ? #psychologyfacts #psychology #selfdiscovery #didyouknow

♬ The Banjo Beat, Pt. 1 - Ricky Desktop

Мозокот и нашата психа се навистина неверојатни нешта за кои допрва треба да учиме, а забавните факти на Елизабет само го потврдуваат тоа.

Во продолжение погледнете дел од најинтересните факти што ги има споделено Елизабет досега:

1. Програмирани сме најмногу да ја сакаме музиката што сме ја слушале во средно. Кога слушаме музика што ни се допаѓа, во нашето тело се ослободуваат хормони што ни го подобруваат расположението. Помеѓу 12 и 22-годшна возраст, нашиот мозок забрзано се развива, па музиката што ја слушаме, односно сакаме во тој период останува „врежана“ во нашите сеќавања. Во комбинација со хормоните од пубертетот, почнуваме да ја поврзуваме музиката од средно со нешто убаво, па ни останува „омилена“ во текот на целиот живот.

2. На сите ни се случило да заборавиме зошто сме отишле во некоја соба, веднаш штом сме влегле внатре. Овој феномен настанува бидејќи со влегувањето во нова просторија ни се менува опкружувањето, па мозокот како да се подготвува за нови сеќавања. Според некои истражувања, ова се случува само кога мозокот ни е преоптоварен со многу мисли, грижи и слично.

zaboravanjeto-e-znak-za-inteligencija-mozokot-saka-da-bideme-mrzlivi-zabavni-psiholoshki-fakti-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-02.JPG

3. Нашиот мозок сака да бидеме мрзливи бидејќи конзервацијата на енергија е еден од најголемите приоритети на нашиот мозок. Нашето тело ги извршува сите задачи, како одење, на најефикасниот можен начин, со цел да заштеди енергија. Па, не се чувствувајте лошо ако одвреме-навреме многу ве мрзи да станете од кревет.

4. Речиси секогаш ги имитираме луѓето со коишто имаме интеракција, најчесто несвесно. Уште поинтересно е што ако почнете свесно да копирате нечии движења, голема е веројатноста дека ќе ѝ се допаднете на оваа личност.

zaboravanjeto-e-znak-za-inteligencija-mozokot-saka-da-bideme-mrzlivi-zabavni-psiholoshki-fakti-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-3.JPG

5. Се чувствуваме посреќно кога сме зафатени. Една од задачите на мозокот е да размислува, па ние се чувствуваме многу посреќно кога имаме некоја работа, отколку кога седиме така. Кога, пак, ќе завршиме некоја обврска, мозокот нè „наградува“ со допамин.

6. Дали сте почувствувале дека телефонот ви вибрира, но да сфатите дека ви се причинило? Овој феномен е толку честа појава, што си има и име – синдром на фантомско вибрирање. Наводно, над 60% од луѓето ширум светот го имаат почувствувано.

zaboravanjeto-e-znak-za-inteligencija-mozokot-saka-da-bideme-mrzlivi-zabavni-psiholoshki-fakti-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-04.JPG

7. Кога сте со група луѓе, најверојатно никогаш нема да го земете најголемото парче пица, најголемата крофна и слично. Ова им се случува на скоро сите, а наводно причината е тоа што сме убедени дека немаме право да го земеме најголемото парче.

8. Потребно е да ни се случат пет позитивни нешта, за да заборавиме едно негативно. Според некои истражувања, овој феномен најверојатно објаснува зошто речиси веднаш ги забораваме комплиментите од другите, но критиките, навредите и слично ги помниме со денови.

zaboravanjeto-e-znak-za-inteligencija-mozokot-saka-da-bideme-mrzlivi-zabavni-psiholoshki-fakti-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-05.JPG

9. Кога стоиме со група луѓе, секојпат потсвесно ги свртуваме стапалата кон личноста која најмногу ни се допаѓа.

10. Многу повеќе ни се допаѓа храната што ја зготвил некој друг, бидејќи самото готвење може да ни го „убие“ апетитот. Додека готвите, постојано ја мирисате храната и состојките, па кога ќе дојде време за јадење, нема да бидете многу воодушевени.

zaboravanjeto-e-znak-za-inteligencija-mozokot-saka-da-bideme-mrzlivi-zabavni-psiholoshki-fakti-shto-sigurno-ne-gi-znaevte-6.JPG

11. Заборавањето ситници може да биде знак за интелигенција. Наводно, мозокот кај интелигентните луѓе прави оптимизација и ги помни само најважните работи, со цел да направи место за други, покорисни информации.

12. Луѓето кои постојано доцнат се всушност „жртви“ на феномен поради кој не можат точно да предвидат колку време ќе им треба за некоја задача – како на пример да стигнат до работа – без разлика што и претходно го имаат правено истото нешто и задоцниле.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg