„Жената е секогаш поинтересна кога е вљубена“ – 10 цитати на Меша Селимовиќ за љубовта

„Знаеш што е најубаво во животот? Желбата, пријателе“. Вака ќе каже еден од најголемите југословенски книжевни великани Меша Селимовиќ. Неговиот најпознат роман, „Дервишот и смртта“ (1966) го прослави, но зад себе остави неверојатно литературно богатство.

10-citati-na-Mesha-Selimovic-za-ljubovta-01.jpg

Цитатите за љубовта пак, така едноставни, но длабоки и моќни, точно ќе ви претстават за каков човек станува збор:

Љубовта ги подмладува жените.

Ја криеме љубовта, на тој начин и ја задушуваме. Штета.

Единствено во моите очи стануваш совршенство.

Беше тивко пристаниште, во чиј мир влегов скршен од невремето, но среќен што се вратив.

Ако љубовта е злосторство, направи од мене жртва!

Сите ги мешаат тие ситници со љубовта, но во реалноста, љубовта е единствената работа на светот што го отфрла сето зло и што секогаш прави да се чувствувате добро.

Жената е секогаш поинтересна кога е вљубена, тогаш е попаметна, поодлучна, попривлечна од кога и да било.

Мажот е расеан или груб или непромислен.

Љубовта е сепак посилна од сè.

Љубовта е веројатно единствената работа на светот што не треба да се објаснува ниту да се бара причина. А сепак, го правам тоа, само уште еднаш да ја споменам личноста што внесе толку многу радост во мојот живот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
8 фрази кои е во ред да ги кажете кога некому му починала блиска личност „Тој/таа беше прекрасна личност. Ги ценам моментите што ги имав со него/неа (и с...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg