Невестите се „купуваат“ за огромни суми, дури и со кредити и уште 18 факти за животот во Оман
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
продавач 17-09-2021


Невестите се „купуваат“ за огромни суми, дури и со кредити и уште 18 факти за животот во Оман

И да сте локалец и да се дојденец ако сте сингл маж нема да може да живеете во кварт наменет за семејства. Вратите се обележје на Оман и секој жител на државата се труди да има што е можно поубава врата.

pazari-za-kozi-zjapanjeto-ne-e-nekulturno-18-fakti-za-zhivotot-vo-oman-01.jpg

Оман е земја која не е многу популарна кај туристите и затоа и не се знае многу за неа.

Се наоѓа во Југозападна Азија и се смета за најпрогресивната земја од Средниот Исток. Најмногу државата заработува од нафтата.

pazari-za-kozi-zjapanjeto-ne-e-nekulturno-18-fakti-za-zhivotot-vo-oman-24.jpg

Факти за животот во Оман (секако некаде може да постојат исклучоци):

Жените за специјални пригоди носат традиционална маска за лице „батулу“, која се смета за декорација.

Првичната намена на оваа маска била за заштита на носот на Бедуините од пустинскиот песок.

pazari-za-kozi-zjapanjeto-ne-e-nekulturno-18-fakti-za-zhivotot-vo-oman-02.jpg

Околу 40% од нацијата се дојденци и тоа најмногу се работници од Индија, Пакистан, Бангладеш и другите блиски земји.

Тие ја сакаат државата Оман затоа што работите функционираат подобро и лесно можат да си отворат сметка во банка и да си купат имот. Плус, безбедноста е на високо ниво.

pazari-za-kozi-zjapanjeto-ne-e-nekulturno-18-fakti-za-zhivotot-vo-oman-03.png

pazari-za-kozi-zjapanjeto-ne-e-nekulturno-18-fakti-za-zhivotot-vo-oman-23.jpg

Викендите во Оман се петок и сабота.

pazari-za-kozi-zjapanjeto-ne-e-nekulturno-18-fakti-za-zhivotot-vo-oman-04.jpeg

Во јавните институции од жителите на Оман се бара да носат национална облека.

За мажите националната облека е долг „фустан“, најчесто во бела боја.

pazari-za-kozi-zjapanjeto-ne-e-nekulturno-18-fakti-za-zhivotot-vo-oman-05.jpg

Мажите играат национална игра Хавалис за која се потребни само дупки и камења.

pazari-za-kozi-zjapanjeto-ne-e-nekulturno-18-fakti-za-zhivotot-vo-oman-06.jpg

Зградите во Мускат, главниот град на Оман, се поделени на домови за семејства и домови за немажени/неженети.

Локалците најчесто живеат во куќи и вили, а во станови живеат дојденците, сепак и да сте локалец и да се дојденец ако сте сингл маж нема да може да живеете во кварт наменет за семејства.

pazari-za-kozi-zjapanjeto-ne-e-nekulturno-18-fakti-za-zhivotot-vo-oman-07.jpg

До 1970 година во Оман немало електрична енергија, телевизија, високо образование, напредна медицина, жените немале права, но со доаѓање на султанот Кабос бин Саид работите се промениле на подобро.

pazari-za-kozi-zjapanjeto-ne-e-nekulturno-18-fakti-za-zhivotot-vo-oman-08.jpeg

Уште 6 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Козите се качуваат на дрвја, ценкањето е уметност: 15 факти за животот во Мароко Вратите на домовите во Мароко се препознатлив симбол, секоја од нив е уникатна и...
8 факти кои секоја девојка треба да ги знае за своето тело Опседнатост со килограмите, излегување до доцните часови, сончање по цел ден на ...
10 забавни факти за оние кои сакаат да научат нешто ново Следниве факти не се од суштинско значење за вашето образование, но ќе ви се нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg