Приказни за дарежливоста на Киану Ривс - Како славниот актер ги троши парите?

Киану Ривс е холивудски актер што е познат по тоа што живее мошне скромен живот. За него се знае дека користи јавен превоз и не сака премногу да се експонира во јавност.

prikazni-za-darezhlivosta-na-kianu-rivs-kako-slavniot-akter-gi-troshi-parite-01.jpg

Богатството на Киану Ривс (56) се проценува на околу 400 милиони долари, а се знае дека тој е мошне скромен. Две децении е постојано исто облечен, често се вози во јавен превоз, па сосема логично се поставува прашањето: На што ги троши парите?

Кога ќе се погледнат податоците што се достапни се чини дека за секое едно нешто што ќе го купи и ќе го направи за себеси, Киану, троши двојно повеќе во добротворни цели.

50 милиони долари за непознатите херои во Матрикс

Една од причините зошто тој е толку обожаван меѓу публиката, а и соработниците зад сцената е тоа што е мошне дарежлив. Тој секогаш се обидува да направи добро за другите – па така зема голем хонорар за филмот „Матрикс“, а од него им даде покачување на сите сценски работници на филмот.

prikazni-za-darezhlivosta-na-kianu-rivs-kako-slavniot-akter-gi-troshi-parite-02.jpg

„Харли“ за каскадерите

Со цел да им се заблагодари на тимот каскадери што „работеле деноноќно“ со него на филмот Матрикс, тој направил уште едно несекојдневно дело: На целиот тим му купил моторцикли „Харли-Дејвидсон“.

„Сите бевме заедно во ова и сите заедно трениравме претходно. Само сакав... Да им дадам едно поголемо благодарам на сите момци што ми помогнаа да одиграм во, ми се чини, една од најголемите сцени со борби во историјата на филмот“ – рече тој.

prikazni-za-darezhlivosta-na-kianu-rivs-kako-slavniot-akter-gi-troshi-parite-20.jpg

Сака „Порше“

Иако воопшто не е чудно да го видите во јавниот превоз, сепак Киану има богат паркинг плац за кој сите ние би можеле да сонуваме. Тој е голем љубител на автомобилите „Порше“, особено на моделот 911 Carrera.

„Уживам во тоа што автомобилот ми дозволува да бидам брз и ефикасен. Имам посебна поврзаност со него“ – рече тој во една пригода.

prikazni-za-darezhlivosta-na-kianu-rivs-kako-slavniot-akter-gi-troshi-parite-07.jpg

Куќа од 8 милиони долари

Соседи на Киану Ривс се Келвин Клајн и Леонардо ди Каприо. Се проценува дека неговата куќа во Холивуд чини 8 милиони долари. Куќата има само две спални соби и 3 бањи.

Сепак има базен, гаража за три автомобили и голем двор.

prikazni-za-darezhlivosta-na-kianu-rivs-kako-slavniot-akter-gi-troshi-parite-04.jpg

Викендици

Ривс за себе купил две куќи покрај плажа: една на Хаваи и една во Малибу. Куќата во Хаваи се проценува дека вреди 6 милиони долари, а има 6 спални соби, 8 бањи и базен со поглед на градот.

prikazni-za-darezhlivosta-na-kianu-rivs-kako-slavniot-akter-gi-troshi-parite-10.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg