Заедно се 13 години, му простила неверство – Која е Палома Родригез, големата љубов на Вин Дизел?
Во 2010-та тие го добија второто дете, синот Винсент, а најмалата ќерка Паулина е родена во 2015-та година. За нивното најмало дете се знае дека е крстено во чест на актерот и најдобар пријател на Вин, Пол Вокер.

Палома е секогаш со Вин, на сите филмски премиери и јавни настапи, а таа заедно со децата го придружуваше и на церемонијата кога тој ја доби својата ѕвезда на Булеварот на ѕвездите во Холивуд.

Во 2016-та година имаше гласини дека двојката се разделила, откако се појавија информации дека Вин ја изневерувал Палома.

2016-та година била особено тешка за нив како двојка, а во некои медиуми се појавија шпекулации дека Палома стапила во брак со друга девојка, Бриана Амонс, што никогаш не беше потврдено.

Сега, пет години подоцна, Вин и Палома се сè уште заедно, а минатото лето беа уловени од папараци додека уживаа на јахта во Италија.

Пред да ја почне врската со Вин, Палома била успешен модел. Со нејзината висина од 177 cm таа лесно се пробила во светот на модата, а од родното Мексико се преселила во САД за да напредува во кариерата.

Палома ја чува сопствената приватност далеку од очите на јавноста. Нејзиниот Инстаграм профил е приватен и не споделува фотографии со јавноста.

Прочитајте и Вин Дизел (54) на одмор во Италија речиси непрепознатлив, нема ниту трага од извајаните мускули (фото)
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн...
Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?
„Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з...
Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер...
Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М...
Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос?
Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
