Популарност стекна во 40-тите, за улоги го совлада албанскиот јазик – факти за српскиот заводник Милош Тимотијевиќ

Низ своите улоги одлично го совладал албанскиот јазик

Без разлика на големината на улогата, Тимотијевиќ отсекогаш покажувал значителна посветеност. Целата негова улога во филмот „Стршљен“  била на албански јазик, кој тој претходно не го зборувал.

За улогата на бодибилдерот Тадија во филмот „Седам и по“ решил да вежба интензивно, речиси секој ден до снимањето. 

Неговото исклучително, „полиглотско“ созревање го гледаме во грандиозната серија „Беса“, во улогата на Петрит Коци.

13 години е во среќен брак со сопругата Дуња, но приватниот живот вешто го крие од очите на јавноста

Неговата сопруга Дуња Галиќ се занимава со графички дизајн.

„Мојата кариера почна да се движи во нагорна линија, откако ја запознав. Таа е мојата најголема поддршка и инспирација. Имаш четири очи, две срца, два мозоци, две глави кои размислуваат. Пораснав покрај жени, така што ги почитувам на посебен начин!“

Osobena-popularnost-stekna-vo-40tite-niz-brojnite-ulogi-go-sovlada-albanskiot-jazik-fakti-za-sharmantniot-profesionalec-Milosh-Timotijevikj 02 630x660.jpg

Се смета за строг критичар кон себеси и своите дела

Тимотијевиќ вели дека кога станува збор за работата, се троши безрезервно.

„Кога ќе ја завршам работата, тогаш се опуштам и ги акумулирам своите емоции. Се трудам да задржам и да балансирам, но и да стекнам што повеќе искуство во емотивна, професионална и животна смисла, за по потреба да можам да го потрошам, а како уметник да ја дадам својата потполност“.

Милош Тимотијевиќ е еден од најистакнатите српски актери во последната деценија

Милош Тимотијевиќ непрекинато го негува својот ангажман во филмската уметност. Неговата кариера претставува асоцијација за виното – колку позрела, толку подлабока и квалитетна.

Имено, својата особена популарност тој ја стекна во четириесеттите години и денес претставува еден од најистакнатите српски актери, чии успеси допрва претстојат.

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава