Зошто се будиме кога сонуваме дека паѓаме и уште 7 забавни факти за спиењето кои ќе ве изненадат

Додека повеќето од нас не се свесни дека сонуваат, има луѓе кои стануваат свесни среде сон, па ова им дава моќ да го контролираат. Овие соништа се познати како луцидни.

nekoi-lugje-mozhat-da-gi-kontroliraat-nivnite-sonishta-zabavni-fakti-za-spienjeto-shto-kje-ve-iznenadat-001.jpg

На некои луѓе им треба повеќе сон, на некои помалку, но буквално никој не може да функционира без спиење. А, знаевте ли дека експертите уште не знаат со сигурност зошто луѓето, па и скоро сите суштества, мораат да спијат?

Бројните истражувања покажале дека без сон страда целиот организам, како и дека во текот на спиењето се случуваат разни процеси кои ни се од корист. Според овие наоди, постојат некои претпоставки кои можеби се одговор на прашањето зошто воопшто спиеме.

Според една теорија, спиеме со цел да заштедиме енергија. Од еволуциска гледна точка, ова има смисла – навечер е многу потешко да се најде храна, па природата нашла начин да ја заштедиме енергијата кога е ноќ.

Според друга теорија, спиењето му дава можност на телото да се обнови. Оваа теорија ја поткрепуваат наодите според кои бројни процеси, како раст на мускули, обновување на ткиво и синтеза на промени, се случуваат најмногу или само додека спиеме.

Иако уште не ја знаеме причината зошто всушност спиеме, експертите имаат откриено многу неверојатни нешта за сонот.

Во продолжение дел од нив:

Некои луѓе можат да ги контролираат нивните соништа

Повеќето луѓе не се свесни дека сонуваат, па немаат никаква контрола над она што се случува во нивните соништа.

Од друга страна, постојат луѓе кои стануваат свесни среде сон, па можат да го контролираат.

Соништата што можат да се контролираат се нарекувани луцидни соништа и наводно со некои техники, како медитација, скоро сите можат да ја научат оваа „супермоќ“.

nekoi-lugje-mozhat-da-gi-kontroliraat-nivnite-sonishta-zabavni-fakti-za-spienjeto-shto-kje-ve-iznenadat-02.jpg

Кога спиете малку, вашиот апетит се зголемува

Сте забележале ли дека кога спиете помалку од вообичаено следниот ден ви се јаде повеќе?

Бидејќи нивото на енергија е пониско кога не спиеме доволно, се зголемува потребата за храна, па тогаш настојуваме да јадеме повеќе.

Ова значи дека ако честопати спиете помалку отколку што треба, постои можност да качите некој килограм.

nekoi-lugje-mozhat-da-gi-kontroliraat-nivnite-sonishta-zabavni-fakti-za-spienjeto-shto-kje-ve-iznenadat-03.jpg

Многу луѓе сонуваат дека паѓаат додека заспиваат и се будат од тоа

Сигурно ви се случило да сонувате како паѓате и во моментот кога ќе паднете (во сонот) да се разбудите.

Овој феномен се јавува повремено кај речиси 70% од луѓето, речиси веднаш откако ќе заспијат.

Наглото будење е поради контракциите на мускулите, а експертите уште не знаат што ја предизвикува појавата на феноменот.

nekoi-lugje-mozhat-da-gi-kontroliraat-nivnite-sonishta-zabavni-fakti-za-spienjeto-shto-kje-ve-iznenadat-04.jpg

Несоницата може да ги влоши конфликтите со саканата личност

Недостатокот од сон има влијание врз нашето расположение – нè прави раздразливи и избувливи. Поради ова, станува јасно дека доколку имаме конфликт со партнерот (или која било друга личност) кога сме во ваква состојба, ситуацијата лесно ќе ескалира.

Ова е потврдено и од мало истражување кое покажало дека паровите се расправале многу повеќе по непроспиена ноќ за разлика од ноќите кога спиеле доволно.

nekoi-lugje-mozhat-da-gi-kontroliraat-nivnite-sonishta-zabavni-fakti-za-spienjeto-shto-kje-ve-iznenadat-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава