Текст кој ќе ви ја рани душата: „Да се биде депресивен значи да липаш како претепано куче, но никој да не те слуша“

Сите кои се борат со депресијата или имаат блиски и сакани луѓе кои секојдневно се соочуваат со своите демони, најверојатно ќе се пронајдат во овој текст.

Tekst-koj-ke-vi-ja-rani-dushata-depresija-01.jpg

Едноставен, но длабок, тажен, но вистинит - депресијата е тука за да нè потсети дека е реална, а не некакво си „помодарство“ и дека на сите депресивни луѓе треба само да им се подаде рака, а не мудрување и бескорисни совети:

Депресијата е како да си присутен, но не постоиш.

Депресијата не трпи забрани, наредби и совети.

Депресијата плаче внатре во човекот, додека надвор се обидува да се скрие.

Депресијата привлекува нечистотија, огорченост, занемарување.

Депресијата го голта времето.

Да се биде депресивен значи да имате врзан камен за ногата што нè влече до самото дно на нашите црни мисли.

Да се биде депресивен значи уништување на односите со својата рамнодушност и студенило.

Да се биде депресивен значи да липаш како претепано куче, но никој да не те слуша.

Да се биде депресивен значи да се бориш секоја вечер.

Кога бев во депресија не сакав да живеам, бидејќи каков живот беше тоа?

Кога бев во депресија, ја игнорирав сета помош.

Кога бев во депресија, никогаш не сонував за храна, скап автомобил или нов дом. Само сакав сè да заврши.

Депресијата е болест на душата.

Престанете да ги советувате пациентите да станат од креветот. Престанете да го занемарувате она што толку многу ги повредува!

Ако сакате да помогнете, бидете сигурни дека тоа не е воопшто лесно.

На депресијата ѝ треба љубов, разбирање и присуство.

Извор

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив) Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg