Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


Купил црква во која ќе живее по пензионирањето, има остров за лов - Како Златан Ибрахимовиќ ги троши парите?

Купил црква која ја реновирал и во неа планира да живее кога ќе се пензионира, има остров каде може слободно да оди на лов, поседува луксузни автомобили, авион и јахта, а на играчите од Шведска им ги има покриено трошоците за Светско првенство во Бразил – Како ги троши парите познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ?

kupil-crkva-za-da-zhivee-vo-nea-otkako-kje-se-penzionira-ostrov-za-lov-kako-zlatan-ibrahimovikj-gi-troshi-parite-01.jpg

Златан Ибрахимовиќ е еден од најпознатите фудбалери во светот. Познат е по тоа што отворено говорел за сопствените скромни почетоци, за минатото во кое сам кажа дека морал да краде велосипеди за да преживее, а денес ужива во луксузен живот и во слава.

Велат дека е мошне арогантен, а тој за себеси вели дека е само самоуверен.

Дури и неговата долгогодишна партнерка Хелена Сегер која е 11 години повозрасна од него, призна дека на почетокот не сакала да почне врска со него заради неговата ароганција, но парот е заедно веќе 20 години, а заедно имаат два сина.

Се проценува дека до ноември годинава Златан има богатство од 190 милиони долари, што го заработил како од фудбалската кариера, така и од голем број приватни бизниси и вложувања.

На што ги троши фудбалерот своите пари?

Златан е познат по тоа што има богата колекција автомобили, а за својот 41-ви роденден годинава се почести себеси со два автомобили Ferrari, по цена од 3 милиони долари.

Освен овие автомобили, тој поседува Audi S8, Lamborghini Urus, Maserati GranTurismo и Porsche 918 Spyder. Доста далеку од детето што крадело велосипеди, нели?

kupil-crkva-vo-koja-kje-zhivee-po-penzioniranjeto-ostrov-za-lov-kako-zlatan-ibrahimovikj-gi-troshi-parite-02.jpg

Слично како Роналдо, Меси и Нејмар, и Ибрахимовиќ има свој приватен авион. Леталото има 12 седишта изработени од чиста кожа, а е идеален за летање на долги релации. Кога еден новинар го прашал дали си купил ново Ferrari, Златан одговорил:

„Апсолутно не. Си нарачав авион, многу е побрз.“

kupil-crkva-vo-koja-kje-zhivee-po-penzioniranjeto-ostrov-za-lov-kako-zlatan-ibrahimovikj-gi-troshi-parite-12.jpg

Златан сака да биде комотен на копно, во воздух, но и на вода, па затоа одлучи да одвои 9 милиони долари за да купи своја јахта. Јахтата има клуб, трпезарија и бар, а внатре има доволно место за да ги викне сите соиграчи и да ги прослават своите победи.

kupil-crkva-vo-koja-kje-zhivee-po-penzioniranjeto-ostrov-za-lov-kako-zlatan-ibrahimovikj-gi-troshi-parite-03.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Има 718 теренски возила, го нарекуваат „шеикот виножито“ – Кој е богатиот владетел на Абу Даби, за к... Во 2011-та година нарачал на остров да биде испишано неговото име со канали за д...
Се „нафрлил“ врз неа по првата средба, сакала да ја откаже свадбата - Помалку познати детали од врск... Се запознале кога таа имала само 16 години, а нејзината сестра рекла дека не би ...
Свињата што ја чуваше како миленик му го спасила животот и уште 9 забавни факти за Џорџ Клуни Цели 18 години, Џорџ Клуни имаше миленик свиња, за која изјави дека му го спасил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg