8 факти за човечкото тело кои звучат нереално

Знаевте ли дека не можете да голтнете плунка повеќе од 3-4 пати едноподруго? Ако не верувате, пробајте. Кои други факти за нашето тело веројатно ќе ви звучат нереално?

8-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-zvuchat-nerealno-01.jpg

Кога добро ќе размислите за комплексноста на нашето тело, не е ни чудно што експертите допрва откриваат некои работи за него.

А, голем дел од овие работи звучат навистина нереално.

Осум факти за нашето тело што ќе ве изненадат:

Луѓето кои пелтечат можат да пеат без пелтечење

Постојат неколку претпоставки за појавата на овој интересен феномен.

Според истражување на Универзитетот во Ајова, музиката е активност за којашто ја користиме десната страна на мозокот, додека за јазик и говор се активира левата.

Па, кога личноста пее, веројатно затоа пелтечењето „исчезнува“.

Истовремено, различно ги користиме устата и гласните жици во зависност од тоа дали пееме или зборуваме, па веројатно и ова има влијание врз пелтечењето.

8-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-zvuchat-nerealno-02.jpg

Човечкото око може да гледа на далечина од над 4 километри

Нашите очи се навистина моќни – на ден без облаци и магла, тие можат да гледаат на далечина од над 4 километри.

Веројатно би можеле да видиме и подалеку кога гледаме кон хоризонтот, но закривеноста на Земјата ни го попречува видикот.

А, ако светлината од некој објект стигне до нас непопречена, можеме да гледаме и на растојание од светлосни години, како кога гледаме кон ѕвездите на небото.

8-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-zvuchat-nerealno-03.jpg

Не можете да голтнете плунка повеќе од 3-4 пати

Можете веднаш да го тестирате овој факт – пробајте да ја голтнете плунката повеќепати и ќе сфатите дека по третиот, четвртиот пат, вашето тело како да не ви дозволува да голтнете уште еднаш.

Една од причините за ова е намалувањето на количеството плунка по секое голтање.

По 3-4 голтнувања, нема што да помине низ грлото, па голтањето станува невозможно.

Ситуацијата е многу подруга кога голтаме вода или храна.

8-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-zvuchat-nerealno-04.jpg

Кога слабееме, издишуваме дел од масните наслаги

Кога вежбаме и слабееме, масните наслаги се претвораат во јаглероден диоксид и вода.

Водата се исфрла како урина или пот, додека јаглеродниот диоксид го издишуваме.

Интересно е што поголемиот дел од масните наслаги се претвора во јаглероден диоксид, па со слабеењето буквално го издишуваме вишокот килограми.

8-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-zvuchat-nerealno-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg