Виц: Магичните наочари на Перо

vic-magicnite-naocari-na-pero-povekjeСе шетал Перо низ чаршија и здогледал човек што продавал наочари. Застанал и ги гледа, а продавачот го запрашал: - Дали би сакале да ви понудам...


...едни навистина посебни очила?

Перо го погледнал и му одговори:

- Дај да видам какви се.

Продавачот му намигнал и му подал едни црни наочари. Перо ги ставил и кога – што да види. Сите околу себе ги гледа голи. Весело го погледнал продавачот и му рекол:

- Ги земам одма!

Си тргнал Перо накај дома и по пат си се потсмевнувал гледајќи ги сите голи. Влегол дома и вика по жена му да и каже што купил. Кога ќе види жена му со комшијата Трпе на троседот седат голи. Ги извадил наочарите, кога овие двајца и понатаму голи! Пак ги ставил наочарите, погледнува – пак голи..ги вади, овие и понатаму голи!

Се изнервирал, се свртел назад и излегол од дома мрчејќи:

- Еее кога ќе купиш евтино ѓубре, еве одма се расипаа сеа морам да ги мењам за други...

Би можело да ве интересира:

„Ајде на пијачка. Не можам, на диета сум. Каква диета? Финансиска!“ и уште 12 хумористични твитови  „Денес дадов 700 денари за пудра, а потоа видов дека од утре е 400 денари ...
Смешни (и тажни) фото-докази дека не секој има талент за правење фризури и шминкање Пудра која е пет нијанси потемна од вратот, неуспешно фарбање во домашни услови ...
Хит-коментари од туристи кои биле на Егремни, плажата со 400 скали: „Видов бела светлина и покојната... „Бевме еднаш јас и сопругата - не разговаравме 3 дена после тоа“, „Не би се симн...
Капија удира скијач по половиот орган, американски боб-тим се „крши“ на мразот: Најсмешни моменти од... „Плановите за инвазија на Гренланд се откажани“, се шегуваат на Твитер, откако а...
Хит видео: Меланија ја игнорира Камила откако се појави Кејт - твитерџиите се шегуваат дека е како и... „Кралицата: Девојче, оди и најди го маж ти. Јас и Меланија треба да разговараме ...
Фото-компилација што ќе ве разгневи: Навики со кои луѓето ги иритираат нивните партнери Дали вашиот партнер никогаш не става нова ролна тоалетна откако ќе ја потроши ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg