Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете

Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колку вицеви за снаи и свекрви знаете?

vicevi-za-snai-i-svekrvi-na-koi-slatko-kje-se-nasmeete-01.jpg

Вицевите за снаи и свекрви никогаш не пресушуваат. Нивниот проблематичен однос отсекогаш бил предмет на шега и за нив постојат голем број вицеви.

Да се присетиме на некои од нив и слатко да се насмееме:

Политика во домот

Свекрвата на својата нова снаа сакала да ѝ објасни кој каква позиција има во семејството и сметала дека најдобро тоа ќе го направи преку политички концепт, па ѝ рекла:

„Јас сум премиер и министер за финансии во домот, твојот свекор е министер за надворешни работи, син ми, твојот сопруг е задолжен за набавки, а ќерка ми е задолжена за планирање и развој. Ти кое министерство ќе го водиш?“ – ја прашала свекрвата снаата.

Снаата се насмевнала и ѝ одговорила:

„Па драга свекрво, јас ќе бидам лидер на опозицијата...“

Помош

Се шетаме со пријателката, кога гледаме пет девојки ја тепаат свекрва ми.

Пријателката ми вика:

„Нема ли да помогнеш? Зарем така ќе си стоиш?“ – а јас ѝ велам:

„Не бе овие пет ѝ се доволно... Ќе завршат работа.“

Гости

Снаата ја зема свекрвата од автобуска станица и ја прашува:

„Мамо, колку долго планираш да останеш кај нас?“ – на што свекрвата одговорила:

„Па, колку ви требам толку ќе останам“...

„Аман бе мамо, барем едно кафе да се напиеше...“ – одговорила снаата.

Исполнета желба

Свекрва ми се јави да ни каже дека паднала во фонтаната каде што се фрлаат парички и се замислуваат желби и ја скршила ногата, па сега е во болница.

Навистина бев изненадена – не знаев дека толку брзо ќе ми се исполни желбата.

Искрен одговор

Ја прашуваат снаата:

„Ако тигар ја напаѓа свекрва ти и можеш да спасиш еден од нив, кого ќе спасиш?“

Таа одговора:

„Се знае, тигарот. Тие се видот што е на изумирање...“

Рај

Како се викала свекрвата на Ева?

Таа немала свекрва, забораваш дека живеела во рајот.

Роденденски подарок

Свекрвата побара за роденден да ѝ купам нешто за бањање.

Не ми е јасно зошто не ѝ се допаѓа фенот што го купив...

Казна

Која е најголемата казна за полигамијата?

Тоа што ќе имаш повеќе свекрви...

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 хит вицеви на тема пари и сиромаштија Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш? - Сакам да станам милјардер како татк...
Фото-компилација што ќе ве разгневи: Навики со кои луѓето ги иритираат нивните партнери Дали вашиот партнер никогаш не става нова ролна тоалетна откако ќе ја потроши ст...
Смешни (и тажни) фото-докази дека не секој има талент за правење фризури и шминкање Пудра која е пет нијанси потемна од вратот, неуспешно фарбање во домашни услови ...
„Зошто се мучите?“: Шеговито видео од Скопски маратон - Аеродромци кулираат со гитара додека маратон... На социјалните мрежи се споделува видео од двајца мажи кои ‘кулираат’ седнати во...
12 докази дека машката и женската логика се различни како небо и земја (фото) „Го прашав сопругот колку е долга кујнската маса - ми испрати фотографија на кој...
Хит-коментари од туристи кои биле на Егремни, плажата со 400 скали: „Видов бела светлина и покојната... „Бевме еднаш јас и сопругата - не разговаравме 3 дена после тоа“, „Не би се симн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg