Вирално видео: Татко се онесвести на породувањето на сопругата и стана мета на шеги
„Жените не сфаќаат колку е тешкото породувањето за мажите. Биди силен, воину“, гласи еден од многуте шеговити коментари за таткото кој изгуби свест додека неговата сопруга се породуваше со царски рез.

Иако родителите едвај чекаат да им се роди детето, факт е дека самото породување е стресно искуство, а за некои жени и ризично.
Кога, пак, е со царски рез, може да изгледа уште пострашно и не секој би можел да го гледа целиот процес.
Татко од Бразил сепак сакал да присуствува на породувањето со царски рез на сопругата, а видеото од неговата реакција сега се споделува вирално.
Додека траела операцијата на неговата сопруга Маријан Фелипе, Бразилецот Макион Педросо изгубил свест.
Целиот момент овековечен и на камера – додека Макион ја држи сопругата за рака, одеднаш почнува да се навалува кон назад, а една болничарка пробува да го додржи.
На крај го легнуваат на земја, а болничарката што го држи почнува да се смее.
Додека пробуваат да го освестат, камерата се свртува кон мајката.
Таа веќе го држи бебето во раце, а по доброто расположение на болничарите, јасно е дека се поминало без проблеми.