Вирално видео: Татко се онесвести на породувањето на сопругата и стана мета на шеги

Подоцна сопругот дал и изјава за локален медиум:

„Не се сеќавам ништо од моментот кога бебето беше родено“.

viralno-video-tatko-se-onesvesti-na-poroduvanjeto-na-soprugata-i-stana-meta-na-shegi-03.JPG

Како што споделува The Sun, Маријан и Макион отишле во болница на 18-ти април за итен царски рез. Во операционата сала присуствувале и двајца фотографи кои раскажуваат за искуството:

„Кога пристигнавме, мајката и таткото беа малку исплашени, но сè помина во најдобар ред. Целата процедура се одвиваше смирено, а медицинскиот тим, исто како и родителите, беа сигурни дека ќе нема компликации.

Но, во 8:24 часот наутро, во моментот кога бебето се роди, таткото изгуби свест“.

viralno-video-tatko-se-onesvesti-na-poroduvanjeto-na-soprugata-i-stana-meta-na-shegi-04.JPG

Макион се освестил по само неколку минути и имал можност веднаш да ја држи во раце новородената ќерка.

Нормално, во коментари на виралното видео има бројни шеги за реакцијата на таткото, а некои споделуваат и свои искуства.

viralno-video-tatko-se-onesvesti-na-poroduvanjeto-na-soprugata-i-stana-meta-na-shegi-02.JPG

„Жените не сфаќаат колку е тешко породувањето за татковците. Биди силен, воину“.

„Сакал да биде во центарот на вниманието“.

„Пред 16 дена ми се роди син и бев многу емотивен, но не се онесвестив“.

„Се прашувам дали ќе умреше ако жена му се породуваше без царски рез“.

„Луѓето се шегуваат и за мене, но кога ми се роди синот, речиси изгубив свест. Беше со царски рез и ја гледав партнерката во шок“.

„Ова ли е посилниот пол?“

„Добро е што не мораше тој да се породува“.

Погледнете го видеото:

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Двејн Џонсон стана меме поради смешната перика во Moana: „Мене уште ми изгледа ќелав“ „Му ја ставиле првата перика што им била при рака и почнале да снимаат“, гласи е...
Хит-коментари од туристи кои биле на Егремни, плажата со 400 скали: „Видов бела светлина и покојната... „Бевме еднаш јас и сопругата - не разговаравме 3 дена после тоа“, „Не би се симн...
Смешна фото-компилација: „Специјалитети“ од луѓе кои никогаш не треба да стапнат во кујна Мизерна вечера од виршли и стопен кашкавал, перек од ракчиња кој изгледа сомните...
Хит видео: 3 продавачки ѝ вадат чизма на сопругата на Андрија Милошевиќ - актерот ѝ фаќа сеир Додека ја снима сопругата како пробува да ја извади заглавената чизма со помош о...
Македонка бира лубеница со Chat GPT: „Одбери ми зрела, блага и заокружи ја“ „И јас ќе пазарам вака од сега“, „Лубеницата е посветла од мојата иднина“ - се д...
„Правда за стапалата на Викторија“ - Бекамова исмеана поради свитканите прсти на црвениот тепих „Дали им е добро на твоите стапала, Викторија?“ „Ослободете ги прстите на Виктор...

Најчитани неделава