Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Виц на денот: Годишен одмор

vic-na-denot-godisen-odmor

Трпе и Перо работеле во иста фирма. Дошло време за летен одмор па се мислеле како да му кажат на шефот дека сакаат да одморат.

- Јас ќе средам – рекол Трпе.

- Е како бе колега? – прашал Перо.

- Сега ќе видиш.

Се качил на плакарот, ги заглавил двете нозе горе и ја пуштил главата да виси надолу.

Влегол шефот и го прашал што прави.

- Еве шефе, јас сум сијалица! – рекол Трпе.

- Колега, не ти е арно, ај иди земи 3 дена одмори – му рекол шефот.

Трпе среќен излегол од  канцеларијата, а по него тргнал и Перо.

Шефот му викнал:

- А,  ти кај тргна?

- Па шефе не можам во темница да работам?!

Би можело да ве интересира:

Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Луѓе споделуваат смешни (и ужасни) ситуации кои ги искусиле на прв работен ден Ако мислите дека сте единствени што имале лош прв работен ден, тогаш примерите о...
10 српски твитови кои се доказ дека твитерџиите имаат уникатна смисла за хумор „Ве молам намалете ги цените на храната и бензинот, немам тело за на OnlyFans“ и...
Најсмешните мемиња за отворањето на Олимписките игри во Париз Шеги за стаорците во Париз, филмовите со дејство во Париз, но и историјата на Фр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg