Една ноќ со Перо

edna-nok-so-pero-povekjeТргнале група луѓе во лов. Резервирале двокреветни соби, но никој не сакал да ја дели собата со Перо, кој ужасно гласно ‘рчел. Се одлучиле дека не е фер...

 

...само еден да биде цело време со него и дека ќе се менуваат секоја вечер.

edna-nok-so-pero

После првата ноќ со Перо, еден од групата станал утрината цел бушав и со огромни подочници.

Останатите загрижено го прашале:

- Човече што ти се случило?
- Ма, остајте ме. Перо толку многу ‘рчеше што цела ноќ само седев во кревет и го гледав.

Следната ноќ му дошол ред на друг. Утрото исто – изгледал страшно бледо и одвај стоел на нозе. Кога го прашале како поминал, одговорил:

- Беше неподносливо. Перо стружи како моторна пила. Цела ноќ само седев и го гледав.

Слично поминале и останатите. Тогаш му дошол редот на Мујо. Утрината Мујо се појавил одморен, наспан, свеж и одлично расположен. Не им се верувало на другиве што гледаат.

Кога го прашале како можел да остане одморен после ноќ со Перо, тој им рекол:

- Епа, се спремавме за спиење. Му пријдов на Перо, го гушнав, го плеснав по газето и со нежна насмевка го бакнав за добра ноќ. После ова тој цела ноќ само седеше и ме гледаше.

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Луѓе кои „станале на лева нога“ Заборавена пица во рерната, скршена тава од челик, скинат патент на првиот работ...
Хит-коментари од туристи кои биле на Егремни, плажата со 400 скали: „Видов бела светлина и покојната... „Бевме еднаш јас и сопругата - не разговаравме 3 дена после тоа“, „Не би се симн...
Фотки кои ќе ги разберат луѓе кои готват по рецепт (и никогаш не им излегува како што треба) Колку пати ви се случило да готвите точно по рецепт и резултатот да биде тотално...
Фото компилација: Смешни (и трагични) катастрофи од салони за убавина Огромни трепки, смешна фризура, ужасни нокти – фотки кои ќе ви покажа зошто не т...
Хит видео: 3 продавачки ѝ вадат чизма на сопругата на Андрија Милошевиќ - актерот ѝ фаќа сеир Додека ја снима сопругата како пробува да ја извади заглавената чизма со помош о...
„Чувам пари за патувања“ и уште 9 хит одговори на жени зошто не си прават маникир кај професионалец Жени гласно порачуваат дека лакираните нокти не ја прават жената (и дека ги обож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg