Девојка со хит потег – му ставила на сопругот лажен труднички стомак за да види како ѝ е неа (видео)

Со тиква на стомак маж се обиде да ги изврши секојдневните обврски што ги завршува неговата бремена партнерка и да види со што се справува таа. Дали успеа?

e-toa-e-maka-mazh-se-obide-da-nosi-trudnichki-stomak-za-da-vidi-kako-i-e-na-negovata-sopruga-video-01.jpg

Секоја жена што поминала бременост знае како е во последните денови од бременоста, кога поради големиот стомак, извршувањето на секојдневните работи во домот станува вистински предизвик.

Oваа жена сакала на креативен начин да му покаже на сопругот со што се соочува. 

Саиф и Ли се пар што редовно споделува видеа на ТикТок на нивниот заеднички профил @saifandleigh, а последното видео на нивниот профил насмеа многумина и собра над 1 милион прегледи.  

„Го натерав сопругот да ги заврши едноставните работи со стомак како мојот“ – напиша Ли до видеото.

Во него се гледа како Саиф се обидува да го мете подот, се обидува да ги избричи нозете, а дури покажа и како изгледа наутро да станеш од кревет со толкав стомак.

Видеото насмеа голем број нивните следбеници, а имаше и голем број коментари.

„Ова е најдобрата идеја досега“, „Супер што се обидел една минута“, „Покажете им на мажите да видат како е“, „Не му е лесно изгледа како да е во 11-иот месец од бременоста“.

Ова се некои од коментарите, а некои нивни следбеници дури ги означија и сопствените сопрузи и им рекоа дека жалат што не им текнало и ним да им го направат истото.

Погледнете го видеото во продолжение:

@saifandleigh ? The struggles are real #pregnancy #babymomma #interracialcouple #MyBrawlSuper #ImTheMainCharacter #fypシ #foryoupage #viral #viralvideo #4u #foryou #viralthis #mixedcouple #husbansandwife #couplegoal ♬ original sound - Shae_bae86

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Го учам маж ми како да оди - откако помина 4 часа на тоалетната школка со телефонoт во раце“ Долгото седење на тоалетната школка кај мажите има повеќе негативни ефекти, но н...
Хит-коментари од туристи кои биле на Егремни, плажата со 400 скали: „Видов бела светлина и покојната... „Бевме еднаш јас и сопругата - не разговаравме 3 дена после тоа“, „Не би се симн...
Смешна фото-компилација: „Специјалитети“ од луѓе кои никогаш не треба да стапнат во кујна Мизерна вечера од виршли и стопен кашкавал, перек од ракчиња кој изгледа сомните...
Вирално видео: Татко се онесвести на породувањето на сопругата и стана мета на шеги „Жените не сфаќаат колку е тешкото породувањето за мажите. Биди силен, воину“, г...
Хит видео: 3 продавачки ѝ вадат чизма на сопругата на Андрија Милошевиќ - актерот ѝ фаќа сеир Додека ја снима сопругата како пробува да ја извади заглавената чизма со помош о...
„Правда за стапалата на Викторија“ - Бекамова исмеана поради свитканите прсти на црвениот тепих „Дали им е добро на твоите стапала, Викторија?“ „Ослободете ги прстите на Виктор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg