Психолошки трикови со кои ќе си ја подобрите меморијата и ќе учите поефикасно

Користете маркери со различни бои, истуширајте се и поврзувајте си ги информациите со нешто друго – што друго ќе ви помогне да учите поефикасно? 

trikovi-so-koi-kje-si-ja-podobrite-memorijata-i-kje-uchite-poefikasno-01.jpg

Колку и да сакате да учите, без разлика дали за тест, испит или од љубопитност, факт е дека одвреме-навреме ќе се соочите со проблеми со концентрацијата или покомплексна тема која ви е тешко да ја совладате и запомните.

Доколу сте во ваква ситуација, можеби следниве трикови ќе ви бидат од помош:

Користете различни бои

Неколку истражувања имаат покажано дека користењето маркери со различни бои додека учите може да ви помогне полесно да ги запомните информациите.

На мозокот му е полесно да поврзе одредена информација со одредена боја.

Па, слободно користете неколку бои на маркери (или пенкала) додека учите нешто.

trikovi-so-koi-kje-si-ja-podobrite-memorijata-i-kje-uchite-poefikasno-02.jpg

Стегајте ги дланките во тупаници

Истражување во кое учествувале 50 испитаници покажало дека стегањето на десната дланка во тупаница може да ја подобри меморијата.

Испитаниците побрзо и подобро запомнувале долга листа со зборови додека ја стегале десната дланка.

Потребни се дополнителни истражувања за да се разјасни механизмот зад оваа појава, но не губите ништо ако пробате.

trikovi-so-koi-kje-si-ja-podobrite-memorijata-i-kje-uchite-poefikasno-03.jpg

Учете на глас

Гласното повторување на материјалот што го учите ќе ви помогне многу полесно да ги запомните информациите, а ова го има потврдено и истражување спроведено на Универзитетот во Ватерло.

Според главниот автор на истражувањето, кога учиме на глас, информациите се истакнуваат во нашето сеќавање, па ги помниме полесно и подолго.

trikovi-so-koi-kje-si-ja-podobrite-memorijata-i-kje-uchite-poefikasno-04.jpg

Џвакајте мастика

Некои истражувања покажале дека џвакањето мастика може да ја зголеми концентрацијата, и со тоа да го направи учењето поефикасно.

Всушност, дел од истите истражување покажале дека џвакањето мастика ја зголемува и продуктивноста.

trikovi-so-koi-kje-si-ja-podobrite-memorijata-i-kje-uchite-poefikasno-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Како да се спакувате во една торба (или рачен багаж) за одмор? Спакувајте се во што е можно полесна торба и размислете дали некои продукти, как...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...

Најчитани неделава