7 ситници за кои гостите ќе ви замерат (но нема да ви ги кажат во лице)

За влакната од милениците на мебелот, за тоа што ги „криете“ од нив слатките кои ви ги донеле... За што сè ќе ви замерат гостите, а сепак нема да ви кажат во лице?

4sitnici-za-koi-gostite-kje-vi-zamerat-no-nema-da-vi-gi-kazhat-na-glas-01.jpg

Пријателите или роднините кои ви доаѓаат на гости не доаѓаат за да ги нахраните, ниту да ѕиркаат колку ви е чисто во домот, туку да ве видат.

Но, сепак постојат ситници за кои најверојатно ќе ви замерат, иако нема да ви ги кажат на глас.

Кои работи им пречат на луѓето кога одат на гости, а сепак ги премолчуваат?

Од врата им нудите влечки

Некои луѓе им нудат влечки на гостите уште додека се на влезната врата.

Ако не сакате да ви влегуваат во чевли дома, дајте им до знаење, но и избор дали ќе облечат влечки или не – постојат луѓе кои, едноставно, не поднесуваат влечки.

Затоа, оставете ги влечките на видно место, а кој сака ќе си ги облече и без да го понудите ќе праша дали може да ги облече.

4sitnici-za-koi-gostite-kje-vi-zamerat-no-nema-da-vi-gi-kazhat-na-glas-05.jpg

Не прашувате што сакаат да се напијат, туку сами им носите пијалак

Некој сака кафе, но има луѓе кои не го пијат и преферираат чај.

Наместо да претпоставите што ќе пие гостинот, прашајте го, а дури потоа изнесете го пијалакот.

4sitnici-za-koi-gostite-kje-vi-zamerat-no-nema-da-vi-gi-kazhat-na-glas-08.jpg

Подовите ви се валкани

Точно е дека никој не доаѓа да гледа колку ви е чисто дома, но зошто да не го исчистите подот пред да ви дојдат гости.

Соберете ги трошките што паѓале, ако има расфрлани играчки, дури и облека...

И поминете со правосмукалка или џогер за да ја соберете прашината.

4sitnici-za-koi-gostite-kje-vi-zamerat-no-nema-da-vi-gi-kazhat-na-glas-03.jpg

Не ги чистите влакната од милениците од мебелот

Навистина може да биде непријатно ако некој ви дојде на гости, а секаде по мебелот има влакна од вашето маче или куче.

Никој не сака да седне на кауч или фотелја преполна со влакна, дури и да сака животни.

Па, ако дома чувате миленик, поминете со ролер за чистење влакна по мебелот кога ќе ви се најават гости и пречекајте ги во чист дом.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Белата како спокој и мир во гласниот свет“ – Pantone ја објави бојата на 2026 година Cloud Dancer е прогласена за боја на 2026-та година од Pantone - насекаде ќе гле...
Фотки направени со микроскоп што ќе ви го покажат светот од нова перспектива Веќе е добро познат факт дека и во храната има микропластика, но сте виделе ли к...
Лошите и добри страни на работата од дома, низ 16 забавни илустрации Марфиевиот закон за сите што работат од дома гласи: „Ако излезете до продавница ...
Морничави фотки што ќе ви го покажат минатото од друга перспектива Убиецот Тед Банди како си игра со ќерката на негова девојка, морничава маска што...
Одземена титула, прогласување погрешна победничка: Најголемите контроверзии на Мис Универзум Неколку мисици ги изгубиле титулите поради однесувањето или непромислените изјав...
Искрени илустрации во кои ќе се пронајдат сите над 30 години Ако во тинејџерските години и 20-тите едвај чекавме да излеземе во гласна дискот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg