Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства

Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оделе. Една го убила сопругот, па деловите од неговото тело ги зготвила и им ги послужила на децата за вечера.

machele-siluvale-i-si-gi-ubivale-sopstvenite-deca-zeni-koi-izvrshile-montruozni-zlostorstva-01_copy.jpg

Овие жени извршиле такви монструозности што ќе ви биде тешко да поверувате дека една жена воопшто е способна да помисли, а не пак да изведе нешто толку страшно.

Нивните приказни не се само приказни за криминал, туку и за мрачна психологија.

Низ вековите, нивните злодела станале дел од општото наследство, потсетувајќи го светот на онаа страна на нечовечноста што многумина сакаат да ја заборават.

Ова е приказна за десет жени чии злосторства одбележале епохи и служат за потсетување колку сурови можеме да бидеме ние луѓето.

Мајра Хиндли 

Мајра Хиндли и нејзиниот љубовник Иан Брејди се познати по тоа што кон средината на 60-тите од минатиот век киднапирале, сексуално малтретирале, мачеле и на крајот убиле двајца тинејџери и 3 деца помлади од 12 години.

Двајцата биле осудени на три доживотни затворски казни, а за нив се напишани многу книги и снимени се неколку филмови.

Мајра била прогласена за најсурова жена во Велика Британија.

Починала во 2002 година.

machele-siluvale-i-si-gi-ubivale-sopstvenite-deca-zeni-koi-izvrshile-montruozni-zlostorstva-02_copy.jpg

Беверли Елит

Беверли Елиот, медицинска сестра од Грантам, убила четири деца кои требала да ги надгледува и сите убиства ги направила за само 59 дена. 

Ова злосторство го направила во 1991 година, користејќи различни средства. 

Таа се обидела да убие и шест други деца, а тешко повредила уште три. 

Наречена била ангел на смртта и била осудена на доживотен затвор.

machele-siluvale-i-si-gi-ubivale-sopstvenite-deca-zeni-koi-izvrshile-montruozni-zlostorstva-03.jpg

Бел Ганес 

Норвежанката Бел, родена во 1859 година, била висока 183 сантиметри и имала 90 килограми.

Таа била исклучително силна жена, која поради алчност ги убила повеќето додворувачи и момчиња кои ги имала, па дури и сопствените деца. 

Се претпоставува дека во различен временски период убила од 20 до 40 луѓе. 

Починала во пожар 1908 година, но многумина сметаат дека ја лажирала својата смрт.

Датумот на нејзината смрт не е потврден.

machele-siluvale-i-si-gi-ubivale-sopstvenite-deca-zeni-koi-izvrshile-montruozni-zlostorstva-04.jpg 

Мери Ен Котон 

Англичанката Мери Ен Котон, родена во 1832 година, со арсен убила 21 лице, меѓу кои и нејзините деца, сопрузи, мајка ѝ, нејзината пријателка и љубовникот. 

Во 1873 година била осудена на бесење.

machele-siluvale-i-si-gi-ubivale-sopstvenite-deca-zeni-koi-izvrshile-montruozni-zlostorstva-05.jpg

Илсе Кох

Илсе Кох, сопругата на Карл Ото Кох, командантот на концентрациониот логор Бухенвалд, е запаметена по тоа што земала сувенири од кожата на убиените затвореници со карактеристични тетоважи. 

По завршувањето на Втората светска војна, таа била осудена на доживотен затвор. 

Кох се обесила во германскиот женски затвор во Ајхах на 1 септември 1967 година.

machele-siluvale-i-si-gi-ubivale-sopstvenite-deca-zeni-koi-izvrshile-montruozni-zlostorstva-06.jpg

Продолжува на следната страница



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg