Спиеле со мажи само еднаш годишно, десната дојка ја сечеле: Вистини и заблуди за Амазонките

Од 12 години се учеле да војуваат, одгледувале само женски деца. Постојат митови дека Амазонките ги кастрирале своите машки деца или ги враќале на татковците, но докази за тоа никогаш не биле пронајдени.

spiele-so-mazi-samo-ednash-godisno-desnata-dojka-ja-sechele-vistini-i-zabludi-za-amazonkite-01.jpg

Амазонките - древната заедница на жени воини кои пушеле канабис, правеле тетоважи и воделе крвави битки, со векови ги инспирира уметниците ширум светот. 

Овие варварски жени се опишувале како похрабри борци од повеќето мажи.

spiele-so-mazi-samo-ednash-godisno-desnata-dojka-ja-sechele-vistini-i-zabludi-za-amazonkite-03.jpg

Според народниот фолклор, жените воини се воздржувале од секс, освен еднаш годишно, кога ги посетувале соседните племиња и имале односи со нивните членови, за да опстане заедницата. 

Според легендите, Амазонките ги задржувале женските бебиња, а машките или ги враќале на татковците или ги кастрирале и ги оставале да вршат женски работи.

Наводно, тие навистина имале навика своите синови да ги испраќаат во други племиња, за да спречат инцест или да формираат сојуз, но докази дека машките деца биле убивани и касапени не постојат.

spiele-so-mazi-samo-ednash-godisno-desnata-dojka-ja-sechele-vistini-i-zabludi-za-amazonkite-09.jpg

Амазонките своето слободно време го поминувале во лов или воени вежби.

Традиционално се верува дека Амазонките ја отсекувале или гореле десната града за да можат послободно да ги користат лакот и стрелата.

Сепак, нема докази за оваа практика во уметничките дела, односно секаде Амазонките се прикажани со двете гради иако десната многу често е покриена.

spiele-so-mazi-samo-ednash-godisno-desnata-dojka-ja-sechele-vistini-i-zabludi-za-amazonkite-07.jpg

Иако нивната „силна сестринска врска“ е опишувана и во класичната литература, античките Грци не ги сметале Амазонките за лезбијки.

Старите Грци и Римјани не биле срамежливи кога станувало збор за впуштање во хомосексуални врски, машки или женски, а ако Амазонките биле лезбијки, сигурно за тоа и би пишувале.

Затоа, се чини дека идејата за хомосексуалноста на Амазонките се појавила во модерното време.

spiele-so-mazi-samo-ednash-godisno-desnata-dojka-ja-sechele-vistini-i-zabludi-za-amazonkite-06.jpg

Повеќето историчари и археолози денес веруваат дека приказните за Амазонките биле инспирирани од вистински членови на номадскиот народ наречен Скити од античките Грци, кои ги населувале областите на северниот и западниот дел на Медитеранот.

Археолошките ископувања на античките гробници во овие региони откриле скелети, за кои првично се мислело дека се машки, бидејќи биле закопани со оружје и воени коњи. 

Сепак, ДНК-тестирањето покажало дека повеќето од пронајдените останки всушност припаѓаат на жени кои претрпеле ист тип на повреди откриени како на останките на мажите убиени во војна.

Секој од тие скитски скелети бил закопан со опрема за пушење марихуана, а понекогаш и со опрема за тетовирање. 

Пронајдените останки им припаѓаат на жени од различни возрасти - најмладата имала само 12 или 13 години, што покажува дека девојките од Скит биле обучувани за војна уште од мали нозе, исто како и момчињата.

spiele-so-mazi-samo-ednash-godisno-desnata-dojka-ja-sechele-vistini-i-zabludi-za-amazonkite-05.jpg

„Долго време луѓето претпоставуваа дека митовите за Амазонките кои ги раскажувале Грците се само обична измислица. 

Денес има докази дека овие жени навистина постоеле и дека животот на овие жени воини навистина влијаел врз претставата која старите Грците ја имале за Амазонките“, напишала историчарката Адриен Мејор, професорка на Универзитетот Стенфорд во својата книга „Амазонки: Животот и легендите на жените воини низ античкиот свет“.

spiele-so-mazi-samo-ednash-godisno-desnata-dojka-ja-sechele-vistini-i-zabludi-za-amazonkite-08.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Википедија, Shutterstock.com

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg