Положбата на спиење го открива карактерот

polozbata-na-spienje-go-otkriva-karakterot-povekjeПостои директна врска меѓу положбата во која спиеме и нашите лични карактеристики. Во која поза спиеме може да открие многу за нас, но и да има...


...влијание на здравјето.

Проверете дали ќе се пронајдете:

1. Положба на фетус. Најчеста положба на спиење особено кај жените. Луѓето кои спијат на страна свиткани како бебе во стомакот најчесто се срамежливи на почеток на познанствата, но брзо се опуштаат. Имаат фасада на „цврсти личности“, но одвнатре се нежни.

2. Морска ѕвезда. Луѓето кои спијат со рацете покрај перницата и на грб најчесто се многу добри пријатели. Сакаат да ги сослушаат луѓето, но не сакаат да бидат во центарот на вниманието.

3. Слободен пад. Луѓето кои спијат на стомак, со главата на една страна, а рацете околу перницата важат за друштвени и дрски, но од внатре имаат изненадувачки карактер. Не се дебелокожци, тешко поднесуваат критики и не сакаат екстремни ситуации.

polozbata-na-spienje-go-otkriva-karakterot

4. Војник. Луѓето кои спијат на грб со рацете прилепени за телото по страна, како војник, често се тивки и резервирани. Не сакаат галама и гужва, но и на себе и на другите им поставуваат високи стандарди

5. Посегнувачи. Оние кои спијат на страна со рацете над нив како да сакаат да достигнат нешто имаат отворена природа. Сепак, умеат да бидат цинични или сомничави.

6. Опуштени. Оние кои спијат на страна со рацете потполно опуштени, такви се и по природа. Сакаат да бидат во друштво и им веруваат и на непознатите. Сепак, умеат да бидат и лесноумни и наивни.

Се пронајдовте? Како најчесто спиете вие?

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
„Бев киднапирана од брачен пар на 3-годишна возраст, во Макарска – ме спаси граничната полиција, во ... „Не се плашев од други луѓе и не чувствував страв од мажот и жената што ме кидна...
9 илустрации што ќе ви разбудат носталгија - Како се славеше Нова година кога бевме деца vs. како се... Кристалот се вадеше еднаш-dvapati годишно, се користеше во специјални прилики и ...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Дечко ѝ ја задавил откако му раскинала, поминал само 2 години во затвор: Трагичната судбина на актер... Доминик Дан, која се прослави со улогата во Poltergeist, имала само 22 години ко...
„Нерешени“ мистерии кои (веројатно) имаат научно објаснување Знаевте ли дека круговите во жито за кои многумина верувале дека се направени од...

Најчитани неделава