Подароци во тазе врска

podaroci-vo-taze-vrska-povekjeДарувањето е прекрасно! Исклучок е само онаа несигурна прва фаза од врската кога сте ни ваму ни таму. Уште не знаете ни каде ќе ја дочекате...


...новата година, а веќе ве мачи прашањето дали треба да купите подарок за новиот партнер/ка. Треба. Барем би требало ако сакате да покажете дека сте заинтересирани и дека знаете кое годишно време е.

Па кој не сака новогодишен подарок!?

Избегнувајте сѐ што е прескапо и преинтимно. Овде спаѓаат и секси долна облека и уплатен викенд за двајца (особено ако уште не сте ни спиеле!), но и подароци од типот на нови телефони и броеви со кои двајцата бесплатно ќе си разговарате. Премногу е рано. Дури и ако почетокот е како од бајка, нема потреба од брзање.

podaroci-vo-taze-vrska-1

Избегнување подароци со преинтимно значење не значи дека безличниот подарок е добра идеја. Прескокнете ги кадифените мечиња и козметичките сетови во проѕирно несесерче. Мекички мечиња, кучиња и мачиња подарете само ако знаете дека сте во тазе врска со колекционер на играчки, а купки и лосиони само ако ја знаете  нејзината/неговата омилена арома.

podaroci-vo-taze-vrska-2

Ако навистина не сте сигурни како ќе се развива врската и е премногу рано дури и да се претпоставува дали ова е љубовта на вашиот живот или само уште еден телефонски број што ќе го избришете за некоја недела, тогаш не може да згрешите со забавен подарок што не носи романтична порака. Нешто како овие симпатични капчиња за клучеви, паричник-касета или смешна касичка за собирање ситни парички.

podaroci-vo-taze-vrska-3

podaroci-vo-taze-vrska-4

Одличен подарок се и игрите и алкохолот. Монопол, шах, покер, не лути се човече, ризико... Сте играле нешто од ова заедно? Можеби ви спомнал/а дека ја сака таа игра? Ако е така го имате вашиот прв подарок.

Ако не, изберете алкохол. Шише вино е предвидлив подарок, па поинтересно е да спакувате пивце. Не мислиме на литроиполка Скопско, туку на мини колекција од неколку странски пива што не може баш секаде да се најдат или новогодишно пакетче од неколку лименки/флаши од омиленото пиво на партнерот/ката. Пакетчето може да го збогатите и со една-две кригли или чаши што ќе ви се најдат и за да наздравите на полноќ.

podaroci-vo-taze-vrska-8

Безбеден подарок е и парфем (но не прескап), а за жените и интересен накит што се вклопува во нејзиниот стил. Ќе повториме уште еднаш - не се расфрлајте со пари. Значи никако злато и драгоцени камења.

А еве и драгоцен совет за сите мажи: разгледувајте алки, обетки и ланчиња, лоша идеја е да подарите прстен на почеток на врската! Освен ако не изберете нешто од овде :)

Можеби сте наслушнале и дека постои еден волшебен подарок што е прикладен во секоја ситуација и за секоја личност - книга. Но внимавајте, има огромна разлика од книга до книга. Се надеваме дека заинтересирно слушате што зборува личноста со која излегувате, па знаете во кој правец да размислувате.

Бидејќи воопшто не е исто да се подари ова

podaroci-vo-taze-vrska-5

и ова :)

podaroci-vo-taze-vrska-6

Ако не сте сигурни дали ќе добиете подарок, а не сакате да купите нешто од страв да не излезете смешни, за секој случај земете неколку бинго, лото ливчиња или грепки. Игрите на среќа се интересен подарок и добивката секогаш може да ја потрошите заедно, а ливчињата се доволно мали за да останат скриени во џеб ако видите дека партнерот/ката доаѓа со празни раце :)

podaroci-vo-taze-vrska-7

Што подарувате во ваква ситуација?

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 карактеристики на „лошите“ мажи (какви не ви требаат) Кога се лути или фрустрирани, прават сите околу нив да го чувствуваат тоа. Ако п...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
Работела како продавачка додека студирала – Која е скромната (и таинствена) наследничка на Primark? Основачот на Primark има пет деца од две жени, а неговата најмала ќерка, Џес реш...
„Разговорот што посакувам да го имав со мајка ми пред да наполнам 40 години“ „Мајка ми убаво ми објаснуваше за промените на моето тело. Уште пред да си играм...
Како изгледа животот со Туретов синдром – Ја опцу кралица Елизабета во лице, кажа навреда на BAFTA Џон Дејвидсон е лице со Туретов синдром поради што неволно испушта крици и кажув...
Легендарен момент: Ал Пачино и Роберт де Ниро, пријатели и филмски икони, се појавија во емотивна мо... Најубавата реклама, видео и фотки што ќе ги видите денес - Ал Пачино (85) и Робе...

Најчитани неделава