Како да го одберете идеалниот датум за венчавка, со помош на нумерологија?

Уште одамна се верува дека датумите носат суштински енергии кои влијаат на животните настани и нечиј успех. Така, бројот 1 означува обединување на партнерите, бројот 2 љубов и хармонија во бракот...

sekoj-broj-si-ima-svoe-znachenje-kako-da-go-odberete-datumot-na-venchavka-so-pomosh-na-numerologijata-01.jpg

Пред да се одлучите за изборот на вашата свадбена веселба, има една голема задача која ќе треба да ја исполните – да го изберете датумот на венчавка.

При ваквиот избор може да се водите од тоа овој важен ден да го закажете за некој значаен датум за вас, роденден или годишнина од врска, или пак да одлучите врз основа на тоа кога има слободно место во омилениот ресторан.

Покрај ова, уште поинтересно е тоа што во одлуката може да ви помогне и нумерологијата. Според Тифани Мекги, експерт за духовност и нумерологија, кога станува збор за брак, изборот на датум со поволна нумеричка енергија ја поставува основата за хармонична и просперитетна врска.

Ако нумерологијата е нешто што ве интересира и сакате да ја искористите за планирање на вашиот голем ден, тогаш погледнете ги најдобрите начини за избор на датумот за венчавка, врз основа на оваа стара практика.

sekoj-broj-si-ima-svoe-znachenje-kako-da-go-odberete-datumot-na-venchavka-so-pomosh-na-numerologijata-02.jpg

Како функционира нумерологијата?

Нумерологијата е древна техника според која броевите се „порта за разбирање на универзумот“ и датумите носат суштински енергии кои влијаат на животните настани и нечиј успех.

Според Мекги, секој број во датумот се собира, додека не се добие една цифра (освен 11, 22 и 33 кои се сметаат за „главни броеви“ и не се сведуваат на една цифра). На пример, датумот 1 октомври 2023 година ќе се сведе на една цифра на следниов начин: 1+1+0+2+0+2+3, што е еднакво на 9. Ова е конечен број и се користи за толкување на значењето на самиот датум.

„Се верува дека секој број (од 1 до 9) носи посебни карактеристики: за некои се вели дека носат рамнотежа, други дека поттикнуваат раст, а некои, пак, љубов“, објаснува Мекги.

Исто така, нумерологијата доделува одредена нумеричка вредност и на секоја буква од азбуката (А=1, Б=2…).

Притоа, како дел од нумерологијата е концептот на животен пат. Броевите на животниот пат се пресметуваат од датумот на раѓање и ја претставуваат самата личност на поединецот, како и нејзините особини.

За да го пресметате бројот на животниот пат, го собирате секој број од датумот на раѓање (датум, месец, година) додека не стигнете до една цифра.

Така, ако некој е роден на 6 април 1995 година, бројот на животен пат се пресметува со собирање на броевите 6+0+4+1+9+9+5, што е еднакво на 34, а потоа ги собираме овие броеви 3+4, при што 7 е бројот на животен пат за оваа личност.

sekoj-broj-si-ima-svoe-znachenje-kako-da-go-odberete-datumot-na-venchavka-so-pomosh-na-numerologijata-03.jpg

Како нумерологијата може да ви помогне да го изберете датумот на вашата венчавка?

При изборот на соодветен датум за венчавка, Мекги ги советува паровите прво да го пресметаат бројот на нивниот животен пат. На пример, ако едниот партнер има број 3 на животен пат а другиот број 5, изборот на поволен датум би бил оној чиј збир е 3, 5 или 8 (збир од двете).

Сепак, Мекги советува да се избегнуваат датуми чиј збир изнесува 4 или 8 бидејќи овие броеви се поврзуваат со тешкотии и многу предизвици.

Што означува секој број во нумерологијата?

Бројот 1 – обединување. Се смета дека овој број е совршен за венчавка бидејќи симболизира и нови почетоци.

Бројот 2 – љубов, хармонија, баланс. Совршен за ден кој се фокусира на посветеност.

Бројот 3 –комуникација, креативност, изразување. Се верува дека е погоден за весела свадбена прослава.

Бројот 4 – сигурност, посветеност. Но, најдобро да се избегнува бидејќи се поврзува со тешкотии и предизвици.

Бројот 5 – слобода, приспособливост.

Бројот 6 – посветеност, деца, одговорност. Погоден број за паровите кои наскоро сакаат да основаат семејство.

Бројот 7 – духовност, духовна длабочина. Одличен број за партнери кои ја ценат духовната поврзаност.

Бројот 8 – финансиски успех, но и број кој се поврзува со тешкотии и предизвици.

Бројот 9 – семејство, хуманитарност, број кој го означува почетокот на животот во заедница.

Секако, толкувањето на овие броеви во контекст на нумерологијата и датумот на бракот може да варира.

Па, сите сознанија добиени од неа треба да се земаат како форма на лично верување или забава.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
Фото-докази дека некогаш животот со цимер е вистински кошмар Неизмиени садови, преполна корпа со ѓубре, храна која стои во кујната со месеци ...
Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранеш... Поранешниот сириски претседател кој го споредуваа со диктатор по падот на негови...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg