Чарли Чаплин, Хју Хефнер: Темната страна на најпознатите „женкари“ во историјата

Казанова е толку познат женкар во историјата, што неговото име денес честопати се користи за некој кој е „доста успешен“ во спалната соба. Темната страна на Казанова доаѓа од неговите честопати насилни сексуални апетити. Историчарите веруваат дека Казанова често сексуално злоупотребувал и силувал жени, како и девојчиња.

temnata-strana-na-edni-od-najpoznatite-zhenkari-vo-istorijata-01.jpg

Низ историјата се забележуваат многу „женкари“ кои во себе кријат темна страна. Всушност, нивото на шарм кој се согледува во таканаречените „плејбој“ мажи може да биде знак за социопатско нарушување.

Кои биле најголемите женкари во историјата и која била нивната темна страна која на многумина не им е позната?

Казанова – од женкар до сексуален насилник

Казанова е толку познат женкар во историјата, што неговото име денес честопати се користи за некој кој е „доста успешен“ во спалната соба. Многумина не знаат дека Казанова бил добро образован човек кој живеел во Венеција, дипломирал на Универзитетот во Падова каде се стекнал со диплома по право, и тоа на само 17 години.

Авантурист и генерален хедонист, Казанова уживал во сексуалните подвизи низ цела Европа. Благодарение на неговата автобиографија, знаеме многу за европските општествени норми во 1700-тите години. Во неа тој насочува на повеќе од 120 романтични или сексуални средби со жени и девојки.

Темната страна на Казанова доаѓа од неговите честопати насилни сексуални апетити. Историчарите веруваат дека Казанова често сексуално злоупотребувал и силувал жени, како и девојчиња на возраст од 9 години. Во еден вознемирувачки пример, тој и уште седум други киднапирале и силувале жена.

Во друг пример, пак, тој ѝ платил на мајката на 16-годишно девојче за да ѝ ја одземе невиноста. Кога девојката одбила да има секс со него, тој ја претепал со метла.

temnata-strana-na-edni-od-najpoznatite-zhenkari-vo-istorijata-02.jpg

Лорд Бајрон – славна личност од литературата и сериски измамник

Лорд Бајрон е еден од најпознатите англиски поети од времето на романтизмот, но дали знаевте дека тој се сметал и за „див човек“ кој уживал во сексуалното задоволство?

Бајрон вистински почнал да ја прифаќа уметноста на заведувањето од времето кога бил студент на колеџот Тринити, Кембриџ.

Книжевниот успех му дозволил на поетот да го претвори во успех од сексуален вид. Бајрон имал такви скандалозни афери, што морал да се разведе од првата сопруга и да ја напушти Англија.

На крајот, тој бил убиен додека се борел за грчка независност на само 36 години. Зад себе ја оставил својата партнерка, 22-годишната грофица која, пак, го оставила својот сопруг поради него.

temnata-strana-na-edni-od-najpoznatite-zhenkari-vo-istorijata-03.jpg

Џон Ф. Кенеди – дали тој индиректно умрел од неговите афери?

За време на неговото претседателствување, јавноста навистина не беше свесна за неговиот бурен сексуален живот. Тоа се разоткри дури по неговата смрт во 1963 година.

Зборувајќи за атентатот, некои веруваат дека женкарството делумно резултирало со неговата смрт.

Џон Ф. Кенеди имал одредени успеси за време на неговиот релативно краток мандат како претседател на Америка, но, бил и личност со одредени недостатоци, а чии неверства откриваат помрачна страна од неговата личност.

temnata-strana-na-edni-od-najpoznatite-zhenkari-vo-istorijata-04.jpg

Хенри VIII – убиец на сопругата

Хенри Осми имал речиси осум жени. Многумина денес го познаваат едноставно поради трагичните приказни за неговите многубројни сопруги.

Тој сакал да има син наследник кој ќе го наследи на неговиот престол, но напорите му биле неуспешни. Иако вината најверојатно лежела во неговите здравствени проблеми, Хенри ги обвинувал жените со кои стапувал во брак.

Иако можеби искрено ја сакал својата прва сопруга, тој се развел од неа, а неговите последователни четири сопруги завршиле обезглавени, мртви од компликации по породувањето, со развод или убиени. Само Кетрин Пар, неговата последна сопруга, го надживеала, и тоа за една година.

temnata-strana-na-edni-od-najpoznatite-zhenkari-vo-istorijata-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg