Најтрендовски новогодишни дочеци

najtrendovski-novogodisni-doceci-povekjeДа, имало трендови и во новогодишните прослави. Ни доаѓаат од татковината на бесмислените помодарски идеи, Америка. Очигледно домашните...


...забави баш се „ин“. Ама не е доволно само да се забавувате со пријателите...

najtrendovski-novogodisni-doceci-1

Кризата се одразува и на најнеочекувани места, како на пример при најмување бебиситер за новогодишната ноќ. Годинава паровите со деца се договараат да ги земат и децата во куќата каде ќе слават.

Наместо секој да плаќа бебиситерка по дома, вака заеднички собираат пари за само една која ќе ги пази децата во некоја соба додека родителите на раат си пијат во дневна.

Ваква финта отсекогаш употребувале родителите во Македонија, само не се сеќаваме дека некогаш имало и бебиситерка :)

Кога ќе отчука полноќ за влез во 2012 година на многу места низ САД групи луѓе ќе бидат свиткани во необични пози. Не, не се работи за чудни оргии, туку за новогодишни часови јога. Затоа што нема друго време за вежбање...

Забави со најмување гатачки. Гледач на тарот карти или астролог е најпопуларниот избор за луѓе што сакаат да дознаат каква ќе им биде следната година уште во истиот момент кога таа ќе започне.

najtrendovski-novogodisni-doceci-2

Забави со автомат за сликање. За веднаш да може да се стават стотици слики на фејсбук?

Славење со здрава храна. Наместо трпеза богата со вкусови, сѐ повеќе луѓе избираат трпеза сиромашна со калории. Така им било полесно да се придржуваат до ветувањето дека следната година ќе се хранат здраво. Можеби затоа што не пробале руска салата со домашни кифлички...

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што се случуваше во првите месеци од 2020-та, пред самиот почеток на пандемијата? Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа, Џеј Ло беше во врска со Алекс Родр...
12 чудни работи низ светот кои најверојатно никогаш нема да ги видите во Македонија Скејт парк во форма на јајце на око, мотоцикл „облечен“ во фармерки, уринали пре...
Сè ве боли, нема крај на плаќање сметки: 15 проблеми кои како старееме почнуваме да ги имаме Проблем број 1 и 2 на возрасните се: „Да размислуваш што ќе јадеш, секој ден, за...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
Љубовницата му носела други жени, живее раскошно во Русија по падот на неговиот режим: Кој е поранеш... Поранешниот сириски претседател кој го споредуваа со диктатор по падот на негови...
Потресна исповед на ќерка на сериски убиец: „Не сакав да верувам дека татко ми е способен да измачув... Кери Росон од САД е ќерка на озлогласениот сериски убиец Денис Радер кој има уби...

Најчитани неделава